Ведрана Рудан, за случка на онкологија: „Сите пациенти ја бараат мајка си, Бог поретко, таткото никогаш“

Ведрана Рудан се бори со ракот и често престојува на онкологија, па напиша: „Направив анкета меѓу медицинските сестри: „Кого пациентите, кога им е најтешко, најчесто повикуваат?“ „Мајка си, поретко Бог. Ма, главно мајка си.“ „Татко никогаш?“ „Никогаш.“

vedrana-rudan-za-sluchka-na-onkologija-site-pacienti-ja-baraat-majka-si-bog-poretko-tatkoto-nikogash-01.jpg

Хрватската писателка Ведрана Рудан, во свој стил, преку текст на својот блог, соопшти дека боледува од рак во мај 2024.

Нејзината битка уште трае, а болничките ходници понекогаш ја инспирираат со сите реални приказни таму.

Овој пат таа напиша текст на тема „Мајки“ од својот престој на онкологија. Поентата на нејзиниот текст е дека кога луѓето се во болка или дури и на смртна постела секогаш ја повикуваат мајка си, а речиси никогаш својот татко.

vedrana-rudan-za-sluchka-na-onkologija-site-pacienti-ja-baraat-majka-si-bog-poretko-tatkoto-nikogash-03.jpg

Ведрана Рудан минува низ многу стресен период поради борбата со ракот на жолчните канали, но со талентот за пишување трогнува и во најтешкото.

Нејзиниот текст гласи:

„Спиев во болнички кревет, требаше да ме успие таблетата за смирување, но ме разбудија женски крици: „МАМОООООО…“.

Се надевав дека е ноќен кошмар, но не беше. Жена, умирајќи, ја повикуваше мајка си.

Ги ставив слушалките на уши и слушнав како Јасна Злокиќ пее: „Јас сум скитница, не ме држи место…“. Мојата омилена песна, иако никогаш повеќе нема да скитам.

Подоцна, сестрите ми рекоа дека не умирала, само ѝ било „многу тешко“. Постара жена.

Направив анкета меѓу сестрите кои со години работат на онкологијата во Риека. „Кого пациентите, кога им е најтешко, најчесто повикуваат?“

„Мајка си, поретко Бог. Ма, главно мајка си.“
„Татко никогаш?“
„Никогаш.“

vedrana-rudan-za-sluchka-na-onkologija-site-pacienti-ja-baraat-majka-si-bog-poretko-tatkoto-nikogash-02.jpg

Тоа ме врати во минатото. Бев во четириесеттите кога мајка ми почна секојдневно да ми се јавува. Речиси секој ден. Нејзините повици страшно ми одеа на нерви.

„Зошто не се јавуваш?“
„Мамо, се слушнавме вчера“.
„Не сме се чуле со денови, никогаш не се јавуваш, секогаш јас морам да те барам…“
„Не мораш да ме бараш…“
„Кога не те слушам, мислам дека ти се случило нешто“.
„Што може да ми се случи? Работам како коњ, кога ќе дојдам дома – деца, маж… не го разбираш модерниот живот“.

„Стара сум, сакам да ти го чујам гласот. Денес повторно имам проблеми со столицата…“

О, не, о, не, о, не…
„Морам да прекинам, шефот ме вика, ќе ти се јавам подоцна“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава