Маша Терзиќ, бившата на Вељко Ражнатовиќ, ужива во патувања со синот - му го крие лицето на свршеникот бизнисмен
- Детали
- понеделник, 21 април 2025
Некогашната најголема љубов на Вељко Ражнатовиќ веќе 4 години е во љубов со анонимен бизнисмен, со кого доби син во 2022 година. Таа постојано патува и води бајковит живот.

Маша Терзиќ, додека беше во врска со синот на Цеца – Вељко Ражнатовиќ, постојано беше актуелна во српските медиуми.

Но, потоа се повлече и водеше приватен живот.
Маша Терзиќ е ќерка на Звездан Терзиќ, генерален директор на фудбалскиот клуб „Црвена ѕвезда“.

Но, во последните години Маша повторно е активна на Инстаграм.

Маша има 129.000 следбеници на Инстаграм со кои постојано споделува кадри од својот живот.

Неодамна сподели дека веќе 4 години е во љубов, но повторно не го покажа лицето на саканиот.

Маша во 2022 година со него доби син, кој го крстија Коља, а сега со синот ужива на едно од многуте патувања.

Нејзиниот партнер е бизнисмен, кој не живее во Србија, и во име на љубовта и Маша често патува.
Според српските медиуми, Маша добила два свршенички прстена од него, а во иднина планираат да се венчаат на мала интимна церемонија на егзотична дестинација.

Маша Терзиќ и Вељко Ражнатовиќ беа во врска која привлекуваше големо медиумско внимание во Србија.
Нивната романса започна околу 2015 година, имаше прекини, но траеше до почетокот на 2017 година.