Жељко и Јована Јоксимовиќ како холивудски пар - тој со седа коса и очила, таа блеска во фустан од Викторија Бекам
- Детали
- вторник, 06 мај 2025
Дали Жељко и Јована Јоксимовиќ се српските Џорџ и Амал Клуни? Парот се појави на настан во Белград и блесна во полн сјај - тој со седата коса која му е нов имиџ, а таа во краток фустан, креација на Викторија Бекам, која чини околу 1.700 евра.
фото: Инстаграм - Јована Јоксимовиќ
Синоќа во српската престолнина се одржа настан на кој присуствуваше половина естрада, организиран од Бане Обрадовиќ, познатиот естраден менаџер кој славеше 35 години успешна работа.
Помеѓу многуте славни личности од регионот, на црвениот тепих посебен впечаток оставија Жељко и Јована Јоксимовиќ.
53-годишниот пејач се појави во одело, со оседена коса и очила за вид, а покрај него блеска неговата 9 години помлада сопруга Јована.
Двајцата секогаш изгледаат средено и впечатливо, а многумина би ги споредиле со холивудскиот пар Џорџ и Амал Клуни.
На настанот, Јована носеше креација на Викторија Бекам, мини брановиден фустан, кој на официјалниот сајт чини околу 1.700 евра.
Со оглед на тоа што Жељко е многу близок со Бане, со кого се и кумови, тој одржа и краток говор во кој вели:
„Добра вечер драги пријатели. Сакам да ве поздравам сите. Ти благодарам Бане на 24-годишната работа со мене, а тебе ти честитам 35 години работа.
Имавме многу концерти во животот, преку 1.200 големи концерти. Многу сум горд, заработивме многу пари и постигнавме голем успех“ – пишуваат српските медиуми.
Јована објави неколку фотки со Жељко на Инстаграм, погледнете дел од нив:
фото: Инстаграм - Јована Јоксимовиќ
фото: Инстаграм - Јована Јоксимовиќ
фото: Инстаграм - Јована Јоксимовиќ
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





