Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ имаа куќна слава во Шпанија - во нивната раскошна вила беа и Цеца и Вељко
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
Од раскошни тоалети до торта со икона и забава покрај базен... Куќната слава на Анастасија и Немања Гудељ традиционално ги собра сите на едно место во Севиља.
Анастасија Ражнатовиќ со нејзиниот сопруг Немања Гудељ ги почитува традиционалните српски обичаи, а тие двајца неодамна го прославија христијанскиот празник Ѓурѓовден, кој им е куќна слава.
Забавата беше покрај базен во нивната вила во Севиља, а Анастасија буквално блеска во оваа пригода.
На славата во Шпанија, покрај мајката, сестрата и целото семејство на Гудељ, присуствуваше и семејството на Анастасија, односно мајка ѝ Цеца и братот Вељко Ражнатовиќ со сопругата Богдана.
Анастасија за оваа пригода носеше долг розов плисиран фустан без градник, кој ја истакнуваше нејзината фигура, а го искомбинира со удобни, брендирани влечки.
Долги фустани облекоа и Цеца и мајката на Немања, кои во еден миг и позираа заедно.
Анастасија веќе извесно време живее во Шпанија, а претходно истакнуваше дека многу ѝ недостасува семејството, па ваквите семејни моменти ѝ се особено драги.
Низа фотографии објави и сопругата на нејзиниот брат Вељко, Богдана, која во текот на вечерта позираше и со сестрата на Немања Гудељ.
Погледнете каква беше атмосферата минатата година - Анастасија Ражнатовиќ домаќинка на куќната слава во Шпанија – приватни готвачи, музика во живо и забава покрај базен
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





