Ја исфрлија од станот, вработени од ресторан ѝ даваа храна за да преживее - Како Беби Дол го допре дното?

„Сите тие приказни многу ме погодуваа, а да беа вистинити денес немаше да сум жива. Еден маж што ме сакаше и живееше со мене се дрогираше, па оттаму почнаа приказните за мене, но како да им објасните на луѓето дека ако живеете со некој што користи наркотици, не значи дека и вие го правите тоа со него“ - рече пекачката во едно интервју.

ja-isfrlija-od-stanot-vraboteni-od-restoran-i-davaa-hrana-za-da-prezhivee-kako-bebi-dol-go-dopre-dnoto-011_copy.jpg

Во 1980-те години беше една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија - млада, заљубена во Масимо Савиќ, со кариера на која многумина ѝ завидуваа.

Таа беше и последниот претставник на Југославија на Евровизија (во Италија 1991-ва), со песната „Бразил“, но помина неславно, со 0 поени.

Иако долго време беше на врвот, Драгана Шариќ, позната како Беби Дол, повеќе од една деценија едвај врзува крај со крај.

Според српските медиуми, таа е исфрлена од станот од Белград кој го изнајмувала со својот партнер, а ова го потврдиле нејзините некогашни соседи.

Тие велат дека пејачката направила хаос со животните кои ги вдомува, па сопственичката на станот ја исфрлила и сега веќе не знаат каде живее таа.

ja-isfrlija-od-stanot-vraboteni-od-restoran-i-davaa-hrana-za-da-prezhivee-kako-bebi-dol-go-dopre-dnoto-06.jpg

Ова, наводно не е првиот стан кој морала да го напушти. Претходно, живеела со мајка ѝ во мал стан на поткровје, но и оттаму морала да си замине.

Додека живеела со мајка ѝ, и се грижела за неа, пејачката одела во еден од белградските ресторани за да зема храна за мајка си и да преживее.

„Доаѓаше тука, но долго не сме ја виделе. Добра жена е, почитувана, позитивна. Ние често ѝ дававме супа, храна за мајка ѝ“, рекол за српските медиуми вработен во ресторанот.

Мајката на пејачката сега е почината, а во период од 6 месеци починал и нејзиниот татко, инаку познат џез-музичар, од кого Беби го наследила талентот.

ja-isfrlija-od-stanot-vraboteni-od-restoran-i-davaa-hrana-za-da-prezhivee-kako-bebi-dol-go-dopre-dnoto-11.jpg

Беби Дол со години има и финансиски проблеми. Според многумина, причината за тоа е нејзината борба со зависностите, а дека сите пари што ќе ги заработи ги давала за наркотици.

И покрај сите обвинувања дека користела дрога, таа неколкупати го негираше тоа.

„Сите тие приказни многу ме погодуваа, да беа вистинити јас денес немаше да сум жива. Но, еден маж што ме сакаше и живееше со мене се дрогираше.

Оттаму и почнаа приказните дека се дрогирам и јас, но како да им објасните на луѓето дека ако живеете со некој што користи наркотици, тоа не значи дека и вие го правите тоа заедно со него.

Бев наивна и не знаев да препознаам некои работи на време. Но, научив“ - рекла во едно интервју.

ja-isfrlija-od-stanot-vraboteni-od-restoran-i-davaa-hrana-za-da-prezhivee-kako-bebi-dol-go-dopre-dnoto-01.jpg

Истовремено, за Беби се зборува дека има тежок карактер, па веќе никој не ја ангажира за да пее во нивните клубови, а таа скоро и да нема можност за заработка.

Последниот поголем извор на приход ѝ е реклама за кладилници, во која ја пее својата евровизиска песна „Бразил“.

ja-isfrlija-od-stanot-vraboteni-od-restoran-i-davaa-hrana-za-da-prezhivee-kako-bebi-dol-go-dopre-dnoto-04.jpg

Инаку, Беби Дол е родена 1962 година во Белград како Драгана Шариќ, а јавноста дозна за неа во 1981-ва, кога го испеа хитот „Мустафа“.

Неколкупати има изјавено дека нејзина најголема љубов е Масимо Савиќ, со кого имала кратка врска, но работите не функционирале, па секој тргнал по свој пат.

ja-isfrlija-od-stanot-vraboteni-od-restoran-i-davaa-hrana-za-da-prezhivee-kako-bebi-dol-go-dopre-dnoto-02.jpg

Денес е мажена за Алекс Тодоровиќ, кого го запознала преку своја пријателка, но сопругот го крие од јавноста.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава