Оља Црногорац за бременоста, по борбата со неплодност: „Баба ми плачеше со денови, не можеше да поверува“
- Детали
- сабота, 17 мај 2025
„Јас сум жив пример што тргна од дното и од борба со најдлабока депресија, вина, самоуништување, до тоа денес да знам што може да ме допре и да ме помести... Само нечија смрт. И толку. Порано, лудата Оља реагираше на сè со срце и душа и се уништуваше себеси. Денес, сум коцка мраз...“, вели Оља Црногорац која е во поодмината фаза од бременоста и вели дека сега го живее својот сон.
Српската водителка Оља Црногорац во видеа со своите следбеници постојано споделува низа приватни детали, како што се нејзините здравствени битки, како и борбата да стане мајка.
Таа сега откри дека го живее својот сон, откако по неколку години борба успеала да остане бремена.
На Инстаграм Оља напиша:
„Животот прави такви пресврти, што понекогаш се прашувате дали сонувате.
Во миговите кога мојата баба постојано си гледаше на кафе и во филџанот гледаше пород, никој не помисли дека тоа е мојот пород, и дека приновата е тргната кон Белград, во еден розов стан што беше правен само за мене - тогаш вечната девојка.
Господ одлучи дека јас нема повеќе да бидам вечна девојка, а баба плачеше со денови - не можеше да поверува дека ќе го дочека моментот да го види своето правнуче.
Колку ненадејна среќа ни се вгнезди во животите, кога сите колективно се откажаа од мене. И ме отпишаа.
Никогаш не се откажувајте - вашето бебенце можеби токму сега планира да тргне кон вас“.
Таа во друга објава проговори и за нејзината ментална состојба:
„Дали се „лекуваме“ поради други луѓе со кои со години имаме нејасна и нездрава комуникација?
Каде е таа точка на пукање кога си велите: Не можам повеќе, и кога веќе не можете да ги промените другите, го правите она што сте требале од самиот почеток - си помагате себеси да не реагирате повеќе на нивните зборови и манипулации и учите да ви влезе на едно уво, а да ви излезе на друго?
Колку години ви беа потребни за да се заштитите себеси, своето здравје? Колку дијагнози собравте по пат додека не кажавте: ДОСТА Е!
Јас сум жив пример што тргна од дното и борбата со најдлабоката депресија, вина, самоуништување, до тоа денес да знам што може да ме допре и да ме помести? Само нечија смрт. И толку.
Порано, лудата Оља реагираше на сè со срце и душа и се уништуваше себеси.
Сега сум една коцка мраз што оди во најдобриот џин-тоник и се топи на собна температура, без стрес и тензии“.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





