Емина Јаховиќ го тужи дека не плаќа алиментација за децата - Мустафа Сандал со 19 години помладата втора сопруга ужива и патува
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
Бали и САД се само дел од дестинациите кои ги посети со втората сопруга, со која направи и свадба од 200.000 евра во 2022-ра година, но Мустафа Сандал, според тврдењата на Емина Јаховиќ, не плаќа редовно алиментација за синовите, а таа го тужи.

Емина Јаховиќ се разведе од турскиот музичар Мустафа Сандал уште во 2018 година и, иако претходно беа 10 години во брак и добија два сина, нивната разделба не помина без скандали.

Емина поднесе тужба против својот поранешен сопруг, тврдејќи дека тој не плаќал редовно алиментација за нивните деца.
Од друга страна, Мустафа Сандал одговори со контратужба и, според турските медиуми, наводно доставил документација со која се докажува дека од разводот исплатил вкупно 1,8 милиони турски лири, што е приближно 115.000 евра.

Во претходниот период, Емина јавно зборуваше за приватните предизвици, а за текот на спорот со нејзиниот поранешен сопруг во една пригода изјави:
„Тоа продолжува и ќе продолжи. Во мојот случај, станува збор само за принципот што мора да се почитува и одговорноста што мора да се преземе. Адвокатите си ја работат својата работа, јас не им се мешам.
За жал, во Турција не се објективни за вакви работи.
Речиси сите написи во весниците секогаш се на страната на мојот поранешен сопруг, случајно или намерно.
Но, одамна престанав да се грижам. Едноставно повеќе не ме засега“.

Емина изјави и дека Мустафа лажел дека има финансиски проблеми.
„Сè уште сме на суд и се надевам дека правдата ќе победи! Тој не е во никаква криза.
Туку, ако еден ден има финансиски проблеми, ќе работам за него бесплатно“.
