„Натерав оженет маж да се разведе за мене, а потоа го оставив“: Скандалозниот љубовен живот на Сузана Манчиќ
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
Првиот маж ја омаловажувал, велејќи ѝ дека не е ни млада ни убава, а за да го задржи, со него направи секс-видео кое стана вирално низ цела Југославија. Кои се љубовните скандали во животот на Сузана Манчиќ?

Најубавата лото девојка во Југославија, Сузана Манчиќ, денес има 68 години, но за многумина таа е и понатаму најпрекрасната жена на овие простори.
И иако е сакана и почитувана во јавноста, Сузана не крие дека нејзиниот љубовен живот бил далеку од идеален.
Зад себе таа има еден пропаднат брак и скандал со секс-снимката на која е со поранешниот сопруг, мажи кои ѝ паѓале под нозе, но и еден оженет господин кого го сакала толку многу што го убедила да се разведе, а потоа го оставила.

Како изгледал љубовниот живот на Сузана Манчиќ?
Сузана тврди дека е од оние жени кои доживеале барем 10 големи љубови во животот и среќна е поради тоа.
„Мажите ми паѓаа пред колена, а јас не се трудев посебно да ги заведам“, рекла таа во едно дамнешно интервју.

Двапати отишла пред олтар. Првиот пат со Небојша Куниќ, член на популарниот бенд „Седморица млади“, а потоа и со Гркот Симеон Оцомокос.
Со Небојша била омажена 8 години и тој е татко на нејзините две ќерки Теодора и Наталија.
Но, со него ја направи и фамозната секс-снимка, која пред околу 20 години беше објавена во јавноста (долго по разводот), а поради која, со месеци не излегувала од дома.
„Сакам да го заборавам тој период од животот, а не можам. Не излегував од дома.
Роднините ми носеа леб и намирници, децата не одеа на училиште. Сите мислеа дека ќе направам кариера од ова, а јас сакав да пропаднам во земја“ - рекла Сузана.

Таа признала и дека секс-видеото го направила на нејзина иницијатива, а за да го заведе сопругот, кој во тоа време веќе почнал да ја омаловажува, велејќи ѝ дека не е ни млада ни убава, бидејќи веќе имала над 40 години, но и дека освен него, никој никогаш не би се оженил со неа.
Ова бил мотив плус да се разведе, и иако ја преиспитувала својата одлука да го остави, сфатила дека не згрешила.

Неколку години потоа го запознала грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, со кого е заедно веќе 21 година. Долго време имаа врска на далечина, а потоа, во 2018 година се венчаа.
„Тој е добар човек. Веднаш му кажав дека не сакам веќе деца и тој го прифати тоа.
По многу поминати викенди, летувања, зимувања заедно, по многу патувања, сфатив дека е време за брак, јас го запросив него“, рекла Сузана.

Но, зборувајќи за своите претходни љубови, таа признала и дека натерала оженет маж да се разведе поради неа, иако денес тоа е уште една работа од која се срами.
„Никогаш не сакав да сум со некој оженет, но ете, се случи да се заљубиме. Тој беше постар од мене, а јас му реков да се разведе па да ми се јави.
Но, животот ни носи различни ситуации и тој ме маѓепса, и се трудеше околу мене, што јас на крајот го натерав да се разведе.
Сега ми е жал за тоа, бидејќи брзо по разводот го оставив. Тој ми даде толку многу, а јас нему ништо“, рекла Сузана.

А. Ј. | Црнобело
