Најубавиот пар во Хрватска направи крштевка на ќерката - тој е фудбалер во Манчестер Сити, таа модна икона
- Детали
- петок, 13 јуни 2025
Се запознале во црква, во врска се од 2010 година, во брак од 2017 година, имаат две деца, од кои помалата ќеркичка сега имаше крштевка, а заедно имаат живеено во Лондон, Мадрид, Милано, Манчестер... Tие се еден од најубавите парови во регионот.

Фудбалерот Матео Ковачиќ (31) роден е во Австрија од босанско-хрватски родители. Играл за низа светски познати клубови, а од 2023-та е во „Манчестер Сити“.

Тој е во брак со Изабел Ковачиќ (30) од 2017-та година, а во врска се од 2010.

Парот има живеено заедно во Лондон, Мадрид и Милано, а сега се во Манчестер, Велика Британија.

Изабел е активна на социјалните мрежи како модел и претприемач и често е нарекувана „хрватската Шакира“ поради својата харизма и стил.

Во октомври 2020 го добија својот прв син Иван, чиј кум беше фудбалерот Лука Модриќ.
