Запознајте го „најубавиот пар во Хрватска“ – тој е фудбалер во Челзи, таа модна икона (фото)

Матео Ковачиќ (28) е светски познат фудбалер, а со својата сакана Изабел е од тинејџерските денови, односно од само 16 години, кога за првпат почнал да игра во Динамо Загреб. Денес, таа е негова сопруга, имаат синче и се омилени во Хрватска – ја носат титулата „најубав хрватски пар“, ја нарекува „љубовта на мојот живот“...

zapoznajte-go-najubaviot-par-vo-hrvatska-toj-e-fudbaler-vo-chelzi-taa-modna-ikona-foto-01.jpg

Матео Ковачиќ (28) е хрватски фудбалер, кој покрај за хрватската репрезентација, игра и за англискиот клуб Челзи.

Својата кариера ја започнал во Динамо Загреб на 16 години, а со неговата сегашна сопруга – прекрасната Изабел Ковачиќ е во љубовна врска исто така од 16 години, поточно од 2010 година. Се запознале во црква, каде Изабел пеела во хор.

Ковачиќ има играно и за Милан, Реал Мадрид, а сега поради ангажманите за Челзи живее во Лондон.

zapoznajte-go-najubaviot-par-vo-hrvatska-toj-e-fudbaler-vo-chelzi-taa-modna-ikona-foto-02.jpg

За него и неговата сопруга со право се пишува дека се најубавиот пар во Хрватска.

Нивната филмска љубовна врска, но и хармоничен семеен живот ги прават омилен пар во нивната татковина.

Матео има 4.5 милиони следбеници на Инстаграм, а Изабел 415.000.

Изабел се занимава со дизајнирање на детска облека.

Парот се венчаше во 2017 година, а 3 години подоцна добија син.

Тие не говорат многу во медиумите за приватниот живот, а и покрај тоа што Изабел речиси воопшто не дава интервјуа, за неа постојано се пишува во медиумите, поради нејзиниот беспрекорен моден стил.

Но, во една пригода таа за животот со Матео во Лондон изјави:

„Нашиот живот во Лондон беше многу хаотичен и ни требаше многу време за да пронајдеме стан, но кога конечно имаме место за себе, мора да признаам дека почнавме да уживаме. Секојдневието ни е всушност сосема обично – одење на пазарење, готвење ручек, тренингот на Матео, моите бројни онлајн состаноци, а навечер Нетфликс и релаксирачки мигови.“

Фотографија од почетокот на нивната врска во 2010-та година:

Повеќе фотографии од прекрасниот пар:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Еден од најубавите српски парови ја живее својата бајка - Ја запроси на Хаваи, го чекаат првото дете Немања Миловиќ ја запроси својата сакана Нина Јовановиќ на Хаваи и откри дека то...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...

Најчитани неделава