Ања Бла го демне Бака Прасе со новата девојка, тој ѝ се заканува дека ќе објави снимки од неа – Нова драма помеѓу јутјуберот и бившата
Со тоа следеа и закани дека видеото ќе излезе јавно. Кога ѝ се јавив на Ања и ѝ реков да не објавува, или дека во спротивно јас ќе објавам цела вистина, за тоа што правела таа, а што јас во врската, тоа видео магично никогаш не излезе во јавност и тоа е уште еден доказ дека била таазад профилот, иако негираше и продолжи да праќа пораки.
Не ми остави избор освен да објавам сè јавно. Апсолутно не ме интересира дали е исправно, дали е во ред или не, ќе продолжам да го снимам и објавувам тоа што мислам дека е потребно за да ја заштитам личноста која ми е драга“.

Aња Бла не остана рамнодушна и на Инстаграм Стори објави какви грозни пораки добива од неговите фанови, а себеси како жртва се поистовети со Кика, девојката која во 2021 се самоуби, а многумина тогаш го обвинија булингот на Бака Прасе за овој случај.
„Историјата се повторува неколку години подоцна. По Кика, неговата најголема жртва, еве сега јас сум на ред.
Ова е големо психичко и интернет насилство кое го врши тој и се надевам дека еднаш засекогаш ќе му дојде крај додека не е доцна.
Сите овие момци кои го следат, утре ќе прераснат во психопати како него. Тажно...“ напиша таа.

Потоа, Ања испрати уште една подолга порака во која се обрати до фановите и меѓу редови рече дека Бака ѝ се заканува со објавување на компромитирачки снимки:
„Драги луѓе, најмногу пораки добив да не паѓам на неговите провокации и дека на сите им е јасно дека си имам работа со психопат со нарцисоидна и пореметена личност.
Од друга страна, многумина ми пишуваат да се огласам и да застанам во своја одбрана.
Јас ова ќе го решавам приватно, колку што ќе бидам во можност. Заканите кои ги добивам од него, уцените, лажното обвинување, клевета... ќе биде пријавен за сите овие работи.
Што ќе се лучи не знам, но знам дека интернетот не е место за решавање на вакви работи бидејќи во денешно време многу работи може да се лажираат.
Ако успеам со помош на полиција да докажам што ми направи и со што ме уценува (сите знаеме со што се закануваат очајните момци), ќе раскажам сè, бидејќи без тоа не сакам да се спуштам на негово ниво и да влегувам во драми бидејќи мене не ми недостасува внимание.
Секој кој добива закани од кој било тип или се чувствува загрозено, треба да пријави во полиција за да се најде преку IP адреса.
Тоа е нешто што јас ќе го направам, бидејќи тоа е единствен валиден доказ против овие психопати.
Дајте му прегледи, поддржете му го новиот Јутјуб канал кој толку го најавува, па можеби ќе ме остави на мир ако има прегледи и без да ме спомнува мене.
Правдата е бавна, но достижна.
Ви благодарам“.

М. М. | Црнобело
