Бака Прасе со солзи во очите за самоубиството на јутјуберката: „Помислив дека јас сум виновен, но ми ја кажаа вистинската причина“

„Не беше во ред тоа што го правев, добиваше омраза заради нашата расправија. Нормално дека помислив дали е можно да сум јас виновен и ми е жал. Но нејзините пријатели ми се јавија веднаш да ми кажат дека не сум виновен, дека имала  проблеми и демони со кои не можела да се избори. Не е мое да ја откријам причината, тоа е одлука на нејзиното семејство, но јас не сум убиец.“ - Бака Прасе се огласи откако сите го наведоа како виновник за самоубиството на младата српска јутјуберка. 

baka-prase-so-solzi-vo-ochite-za-samoubistvoto-na-jutjuberkata-pomisliv-deka-jas-sum-vinoven-no-mi-ja-kazhaa-vistinskata-prichina-001 (1).jpg

Веста за српската јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ (21) која си го одзема животот, го потресе регионот и овие неколку денови постојано се пишува за овој немил настан.

Како првична причина за нејзиното самоубиство во српските медиуми и на социјалните мрежи се наведе неможноста да го издржи интернет насилството, односно злобните коментари и говорот на омраза на кој таа била мета во изминатиот период.

View this post on Instagram

A post shared by Kika (@kikax3)

Како најголем виновник за ова го наведуваа српскиот јутјубер Богдан Илиќ (25), познат како Бака Прасе, заради драмата во која тие биле пред 2 години, кога преку видеа се препукувале, а од почит кон починатата, тој најави дека ќе ги избрише видеата.

Тој дури беше и приведен, но по 4 часа распит, беше ослободен од полицијата.

Откако тој наиде на голем број критики и покажување со прст дека тој е виновен за нејзината смрт, јутјуберот се огласи со емотивен говор во кој ја открива својата страна од приказната.

Дел од неговата исповед во продолжение, а најдолу може да го погледнете целосното видео:

„Пред 2 години кога се расправавме, кога беа Јутјуб драмите, медиумите објавија дека јас напаѓам луѓе кои имаат рак. Кика немаше рак фала Богу, а сега медиумите објавија дека јас сум убиец, дека сум одговорен за смрт на дете заради таа драма.

Сите скокнаа за мојот врат без да проверат факти, дека таа се убила заради интернет насилство. Ќе ви прочитам што напиша сестрата на Кики, ќе ѝ го цензурирам името, но прво да ви го кажам мојот дел …“ – започнува Богдан.

baka-prase-so-solzi-vo-ochite-za-samoubistvoto-na-jutjuberkata-pomisliv-deka-jas-sum-vinoven-no-mi-ja-kazhaa-vistinskata-prichina-.jpg

Во пораката од сестрата на Кика, објавена на нејзиното Инстаграм Стори, пишува луѓето и медиумите да не објавуваат дезинформации и лаги.

Бака Прасе продолжи со раскажување на неговата страна од приказната:

„Бевме во драма пред 2 години, сите добиваат омраза кога се јавни личности, секогаш некој лошо ќе пишува. Секако дека беше лошо и добиваше повеќе хејт кога бевме во кавга и тоа траеше, но тоа заврши, таа помина преку тоа, заборави и продолжи да снима.

Сите велат дека 2 години трпела насилство заради мене. Ние се разделивме како пријатели. Вие не сте свесни колку ќе ви биде на сите глупаво, кога ќе се објави вистинската причина зошто еден живот е изгубен. Не, не беше интернет насилство.

Јас меѓу првите дознав бидејќи нејзините пријатели ми се јавија да ми кажат дека не сум виновен. Јас кога дознав … не знаете како ми беше мене. Нормално дека помислив зарем е можно да е заради тоа што јас го зборував.

Нејзините пријатели ми рекоа дека јавно ќе ме поддржат, а јас не сакав бидејќи не сакам некој да ги обвинува што се на моја страна. Вистинската причина ќе излезе на виделина, но јас нема да кажам, тоа не е моја работа да го кажам за да си го исперам името.

Тоа е одлука на нејзиното семејство, дали сакаат и кога сакаат да објават. Мртвите треба да имаат мир и почитување, кое вие не сакате да го дадете. Најлесно е да ме обвините.

baka-prase-so-solzi-vo-ochite-za-samoubistvoto-na-jutjuberkata-pomisliv-deka-jas-sum-vinoven-no-mi-ja-kazhaa-vistinskata-prichina-2.jpg

Богдан објаснува дека по нивната расправија, тој ја побарал и требало време додека таа повторно стекне доверба во него, но наводно со текот на времето се зближиле и имале идеи за заеднички проекти.

„Бев среќен кога ја добив нејзината доверба, кога почнавме да зборуваме како пријатели и ми довери некои проблеми низ кои минуваше тогаш. Сакав да работиме заедно, да имаме емисија. Се видовме, не објавив дека се смиривме, бидејќи сакавме да направиме видео.“

Со солзи во очите, тој признава дека не му е лесно заради трагедијата, ниту пак за тоа што сите го нарекуваат убиец.

„Луѓето ми пишуваат дали сум среќен што ова сум го постигнал, мислите ли дека не ми е криво за сè? Мислите дека не се чувствувам делимично одговорен? Јас сум тој што ја прозиваше и фала Богу што нејзините пријатели ми се јавија и ми кажаа дека не сум јас виновен и ми набројаа со кои проблеми се соочувала, бидејќи имала свои демони со кои не можела да се избори. Но ова нема врска со интернет насилство.“

baka-prase-so-solzi-vo-ochite-za-samoubistvoto-na-jutjuberkata-pomisliv-deka-jas-sum-vinoven-no-mi-ja-kazhaa-vistinskata-prichina-3.jpg

За крај, тој признава дека неговите постапки не биле правилни и вели дека се надева дека ќе се дознае вистинската причина.

„Не кажувам дека е добро тоа што јас го правев пред 2 години. Кои сме ние ако не грешиме? Немаат право да ме осудуваат. Јас неа ѝ се извинив, таа рече дека разбира и дека не ми замерува, дури ми се заблагодари, бидејќи благодарение на мене дознала кои ѝ се вистински пријатели.

Немам проблем некој да ме прозива, но не можам да се носам со тоа некој да ме нарекува убиец. Ќе се дознае причината за нејзиното самоубиство.“

Можеби вистинската причина ќе се обелодени, а можеби и нема. Можеби Богдан ја кажува вистината. Но, која и да е причината, тоа не значи дека интернет насилството е прифатливо. Сајбер-булингот остава последици врз жртвите, а секој различно се справува со нив.

Погледнете го целосното видео:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги продава сите автомобили, тврди дека останал без пари – Што се случува со јутјуберот Бака Прасе? Бака Прасе наводно ги продава сите свои автомобили за да ги отплати долговите, а...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Не сакаше ни да готви, ни да работи“: Ненад Кнез првпат прозборе за разводот со мајката на Ксенија ... „Со тогашната сопруга долго имавме несогласувања. Еден од проблемите беше што не...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
„Додека Нина продаваше крофни, татко ѝ кришум си ги бришеше солзите“: Хероината од Нови Сад среќна, ... „Нина е дар од Бога. Направи чудо, а не е ни свесна за тоа. За неа сè ова е норм...
„Не сакам да се натпреварувам во изгледот со моите ќерки, привилегија е да старееш природно“: Србинк... „Пред 2 години, ќерка ми беше во шесто одделение и првпат стана свесна дека јас ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg