Бака Прасе ужива со девојката во луксуз во Венеција - таа издоминира со деколтето, тој откри какви корекции има
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
„Немав комплекси, имав природно убави гради, само сакав да бидат поголеми“, изјави девојката на Бака Прасе, која сега во Венеција со провокативен фустан го стави во прв план бујното деколте. Парот ужива во пловење на гондола, па на романтична вечера.

Бака Прасе веќе извесен период ужива во љубовта со својата девојка Милена Стаменковиќ, со која е во врска откако раскина со инфлуенсерката Ања Бла.
Парот сега ужива на патување во Венеција, а Милена со својот елегантен црн фустан со длабоко деколте предизвика реакции на социјалните мрежи.

Таа со овој фустан пловеше по каналите на Венеција со својот партнер, а многумина го коментираат токму фактот што се одлучила за ваков моден избор среде бел ден.

Сепак, Бака Прасе и неговата девојка потоа беа на луксузна вечера, од каде објавија низа заеднички фотографии, но криејќи си ги лицата еден на друг наизменично.

Бака Прасе неодамна проговори за пластичните операции на својата девојка, за која претходно се пошегува дека имала направено разни корекции на себе.

Бака Прасе за Милена во еден лајв изјави:
„Таа девојка ништо нема направено на себе. Јас се шегував и провоцирав.
Видов колку луѓето се возбудија дека е цела оперирана.
Таа има направено гради и уста. Усни прават сите девојки на светот. Градите ги направи и не се жалам. И пред да стави гради беше бомба“.

