Бака Прасе ужива со девојката во луксуз во Венеција - таа издоминира со деколтето, тој откри какви корекции има
Инаку, и Милена проговори за операцијата на градите, која ја чинела 4.000 евра:
„Одлучив конечно да го пробијам мразот и да проговорам, бидејќи добив мал милион прашања од вас жени во врска со моите гради.
Сакам да го споделам моето лично искуство за операцијата на гради и силиконските импланти.

Се одлучив на операција затоа што сакам поголеми и пополни гради. Природата не ми го дала тоа.
Да можев да ги „изградам“ градите во теретана, ќе тренирав, но не можев, така што единствена опција ми беше пластична хирургија.

Немав комплекси, имав природно убави гради, само сакав да бидат поголеми. Ставивме 420 кубика, обликот е анатомски, а операцијата траеше околу еден час.
Кога се разбудив од анестезијата, ништо не ме болеше бидејќи уште делуваше анестезијата, но кога почна да попушта... Повторно би поминала низ сè ако треба, но мислам дека тоа е најголемата болка што сум ја доживеала во животот“.





С. С. | Црнобело
