Ања Бла го демне Бака Прасе со новата девојка, тој ѝ се заканува дека ќе објави снимки од неа – Нова драма помеѓу јутјуберот и бившата
- Детали
- среда, 18 јуни 2025
„Сега сум психопат, а психопатот беше добар кога даваше подароци, кои се доволно вредни и скапи, нели? Таа ја малтретира девојката со која се гледам“ – рече Бака Прасе откако објави видео во кое најави дека ќе ја каже цела вистина за Ања и какви пораки му пишува, а таа рече дека му е нова жртва по девојката која се самоуби заради неговиот булинг. „Ќе го пријавам за сите уцени – сите знаете со што се закануваат очајните мажи“.

Минатото лето, најтурбулентниот пар во Србија, Богдан Илиќ и Ања Бла раскинаа, откако тој претходно ѝ купи дијамантски прстен и ѝ се заколна на вечна љубов.
Тогаш тој кажа само најдобри зборови за неа, а наведе дека причина за раскинувањето е тоа што не може да се посвети на работата, но сега работите целосно добија пресврт.

„Во видеото во кое ќе ја објавам вистината за раскинувањето, ќе има докази за тоа што се случуваше по раскинувањето, што правев јас, а како таа мене ме третираше и што одлучи да прави потоа, дека сака да ме малтретира, ќе има докази за тоа.
Ќе ви го објаснам текот на нашата врска и што донесе до раскинувањето, бидејќи не сакам да се мисли дека било заради работата, а ќе ви кажам и како и зошто го снимив видеото во кое ја кажав таа лага – причината е едноставна, таа ме замоли тоа да го направам, зашто не можеше повторно да поминува низ тоа да ѝ пишуваат „го зема автомобилот и замина“.
Јас решив да ја заштитам и го објавив тоа. Но сега, одлучив да ја кажам вистината, зашто 4 месеци ме малтретира и не ме остава да продолжам со животот.
Ќе има докази што таа пишува од лажни профили, имам доказ дека таа е сопственик на истите“ - вели тој во новото видео во кое тврди дека ќе ја открие цела вистина.

Неодамна, Ања замина деловно во Дубаи, каде се шпекулираше дека има нов дечко, што таа го демантираше, а пак, Богдан, беше забележан со нова девојка на концерт на Владо Георгиев.

Но, очигледно нивниот токсичен однос продолжува и една година по нивната разделба и иако на прв поглед изгледаше дека раскинале со добро и продолжиле со животите, сега тие го вадат валканиот веш на површина и еден со друг се клеветат и се закануваат.
Драмата започна кога Бака Прасе објави видео во кое рече дека ќе ја објави целата вистина за неговата бивша девојка, за нивното раскинување, за тоа каков бил нивниот однос, но и за тоа дека таа го малтретира затоа што има нова љубов.
„Не би ја спомнал никогаш во лош контекст и не би објавил ништо лошо за неа, ако таа не почнеше да ме малтретира и уценува. Јас ќе дадам докази, па вие сами формирајте мислење. Таа што сака нека каже за мене, јас ќе признаам, зашто јас немам од што да се срамам за разлика од неа“ – вели тој во видеото.

Бака открива дека потоа ќе престане да снима класични видеа ако не му ги вратат каналите, а примарна причина за тоа е за да ја заштити личноста со која моментално се гледа.
Во видеото, тој подетално објаснува дека Aња наводно ги демне и дека постојано им пишува од лажни профили:
„Таа трпи напади и злоставување од страна на мојата бивша девојка. Јавноста претставува дека таа продолжува со животот и дека е нова личност која медитира, но тоа не е вистина.
По обидот да го решам тоа со Ања приватно и откако таа продолжи да испраќа пораки, таа опсесија прерасна во нешто полошо и опасно. Девојката со која се гледам доби видео како нас некој нè следи, дали е таа или некој пратила по нас, не знам, но нè снима во гаража како ние излегуваме од нашиот автомобил.
