Анастасија Ражнатовиќ и Немања уживаат во луксуз на Ибица – таа скришно ја покажа тетоважата на сопругот со нејзиното име
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
Престојуваат во луксузен ресорт каде една вечер е 1.000 евра, се забавуваат на луди журки во фестивалски аутфит, а таа скришно ја покажа тетоважата на раката на Немања, на која пишува „Анастасија“ – ќерката на Цеца и сопругот со кого лани тајно се венча, уживаат на Ибица.

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, заминаа на долгоочекуваниот одмор на Ибица.
Според објавите на социјалните мрежи, парот престојува во еден од најексклузивните и луксузните хотели на шпанскиот остров, Destino Five Ibiza, каде една ноќ може да чини и повеќе од 1.000 евра.
Освен луксузното уредување во бохо стил, хотелот е препознатлив и по барот покрај базен, каде освен денските забави, се нуди и богат ноќен живот.
Погледнете го видеото:
Фудбалерот објави и фотка на која се гледа како ги пречекале, со порака во која директно му се обраќаат со г-дин Гудељ и пишуваат дека тимот ќе се потруди нивниот престој да биде незаборавен.

Анастасија вчера на Инстаграм Стори се пофали со згодното тело на нејзиниот сопруг, но и со гестот со кој повторно ѝ искажа јавна љубов.

На неговата рака, покрај портретите од неговите брат и сестра, има тетоважа на која е испишано „Анастасија“, а таа гордо го снимаше моментот и напиша „Љубов“.

Потоа таа објави фотки на кои го покажа нивниот стајлинг за вечерна забава.

Фудбалерот облечен во шорцеви со маица по прерамки, бејзбол капче и ланчиња околу вратот, а пејачката во парео како здолниште, со црн топ, високи чизми, бандана на глава и многу накит, искомбинирано со Prada чанта.

Погледнете повеќе фотки од хотелот:
М. М. | Црнобело