„Ми се закануваат со голи фотографии“ - Се огласи Ања Бла по новите напади од Бака Прасе, вели ќе ја напушти Србија поради безбедност
- Детали
- вторник, 24 јуни 2025
„Една од најголемите причини зошто молчам цело време е затоа што ми се закануваат со мои голи фотографии кои биле испратени на човекот со кого живеев со години и за кого верував дека ќе се омажам“, се жали Ања Бла по нападите од Бака Прасе.

Јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, и неговата поранешна девојка Ања Благојевиќ, позната како Ања Бла, веќе со недели водат јавна војна на социјалните мрежи.
Прочитајте и Ања Бла го демне Бака Прасе со новата девојка, тој ѝ се заканува дека ќе објави снимки од неа – Нова драма помеѓу јутјуберот и бившата

Бака Прасе изнесе низа шокантни тврдења против неа, а Ања се огласи и откри дека планира да ја напушти Србија, поради низата напади кои ги добива од неговите фанови.

Ања преку Инстаграм соопшти дека, по сè што се случува, е уценувана со нејзини експлицитни фотографии.

Нејзината објава гласи:
„Јас сакав да молчам затоа што ми е срам да се занимавам со ова. Вовлечена сум во нешто што апсолутно нема никаква врска со мене.
Веќе ми е преку глава да гледам како луѓето ме вплеткуваат во интриги, а јас одамна си продолжив со својот живот.
Ако Богдан сè уште навистина не верува дека тоа не го правам (се мисли на обвинувањата кон Ања за пишување од лажни профили и напади до неговата нова девојка), има можност да ми се јави и нему прв ќе му ги испратам сите докази.
Јас ова наскоро ќе го завршам со едно видео откако ќе заминам од Србија, бидејќи поради сето ова се чувствувам небезбедно овде.
Една од најголемите причини зошто молчам цело време е затоа што ми се закануваат со мои голи фотографии кои биле испратени на човекот со кого живеев со години и за кого верував дека ќе се омажам!
Ми се смачи веќе да живеам во страв од тоа и да дозволувам некој толку да ме малтретира.
Слободно, објавувајте што сакате, зборувајте што сакате. Кога ќе ви здосади, јас ќе ве демантирам со едно видео и тука завршува приказната“.



