Вељко Ражнатовиќ (28) за растењето на трите сина на село: „Ги учам децата на вера, српски песни и традиција“
- Детали
- недела, 29 јуни 2025
„Првото што ги учам моите деца се српски песни, црковни песни, ги учам од каде сме, што сме. На најстариот син Жељко веќе малку му го имам ‘испрано’ мозокот, сега чекам да порасне...“, вели Вељко Ражнатовиќ, за чии деца неговата сестра Анастасија изјави дека сака да биде како нејзината тетка Лидија (сестрата на Цеца) што била за неа и за Вељко.

Вељко Ражнатовиќ (28) е во брак со Богдана Родиќ, со која има три сина - Жељко, Крстан и Исаија.
Тие живеат во руралното место Тител, во куќа која им е подарок од родителите на Богдана. Tител всушност е нејзиното родно место.

Вељко Ражнатовиќ е многу посветен на улогата на татко и не дозволува никој да влијае врз неговиот начин на одгледување на синовите, кои ги воспитува според своите верувања.

Тој откри дека пред сè ги учи на историја, вера и српски песни.
Богдана и Вељко се во брак веќе шест години, а во гостување на подкастот „Права приказна“ Вељко проговори за своите синови.

За начинот на воспитување вели:
„Првото што ги учам моите деца се српски песни, црковни песни, ги учам од каде сме, што сме.
На најстариот син Жељко веќе малку му го имам ‘испрано’ мозокот, сега чекам да порасне.
Детето, бре, треба да биде дете! Да игра фудбал, да се игра со деца, да не го оптоварувам со глупости...“


Инаку, Вељко ужива во животот на село, а пространото дворно место со тревник кое го има нивниот дом е идеално за безгрижна игра и трчање на децата.



