Турски актер снимен во инцестоидна врска со внуката - Кој е најголемиот љубовен скандал за кој и денес се зборува во Турција?

Во тоа време некои тврдеа дека фотографиите укажуваат на спогодбена врска и дека ништо не укажува на тоа дека девојката била присилена на нешто, и покрај тоа што станува збор за инцест.

Други бараа делото да се квалификува како „злосторство против моралното ткиво на општеството“ и да им се изрече законска казна, која за ваков тип на прекршок е и до пет години затвор.

Но, судот не им изрече никаква казна и покрај барањата на обвинителите, зашто заклучиле дека во моментот кога Мурат и Бурџу биле снимени, тие биле далеку од брегот, никој не можел да ги види и не придонеле на никаков начин за „непристојна навреда на околината“.

По скандалот, Мурат се повлече од јавноста и долго време не снимаше филмови и серии.

turski-akter-snimen-vo-incestoidna-vrska-so-vnukata-koj-e-najgolemiot-ljuboven-skandal-za-koj-i-denes-se-zboruva-vo-turcija-05.jpg

Во меѓувреме, неговата сопруга, Ханде, поднесе барање за развод и го остави актерот по 14 години брак.

Таа со себе го зеде и синот Џан.

Слична судбина имаше и Бурџу, која, пак се разведе по неполни 3 години брак.

Таа била омажена за инструктор по јога, кој, штом дознал за аферата, побарал развод, а во документите и конкретно навел дека причината за тоа е што неговата сопруга имала афера со својот чичко, Мурат Башоглу.

turski-akter-snimen-vo-incestoidna-vrska-so-vnukata-koj-e-najgolemiot-ljuboven-skandal-za-koj-i-denes-se-zboruva-vo-turcija-03_copy.jpgФото: Принтскрин Јутјуб

Дури во 2022 година, актерот првпат јавно прозборе за аферата со неговата внука, во интервју за локално списание.

„Ќе ви кажам ова, ако видат дека некој ви прави неправда, ако нема злосторство и некој се обидува да ве оцрни, луѓето го гледаат тоа и не е тешко да се види.

Секако, има и такви што веруваат во тоа што го слушаат без да ги проверат фактите и се водат од толпата.

Но, да се разбереме, јас никогаш не сум видел некој да реагира лошо на мене на улица - тоа треба да ви биде доволен доказ за сè“ - рекол актерот.

Погледнете го видеото објавено во турските медиуми:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...

Најчитани неделава