Вдовицата на Саша Поповиќ првпат во јавност по неговата смрт: „Спијам со неговиот џемпер, сакам да му го чувствувам мирисот“
Вдовицата на Поповиќ зборуваше и за односот на нивната ќерка со татко си.
„Александра беше многу врзана за него. Многу ѝ недостига - тој, неговите татковски совети, прегратките...
Кога ќе прочита нешто лошо за него, плачеме заедно. Но, има денови кога велиме дека сме горди што оставил толку многу на што можеме да се радуваме и да бидеме горди во овој луд свет“ - додала таа.

Сузана открила и дека последната средба со Саша ѝ била во болницата, додека седела покрај неговиот кревет.
„Не се одвојував од него до последниот здив. Тешко е чувството да гледаш човек кој знае дека си заминува од овој свет и кој е свесен за тоа.
А тој, поради своето сознание, покрај болката и страдањето, ме теши мене: ‘Суле, не плачи. Остани силна, храбра и достоинствена каква што секогаш си била'.
Го послушав и бев таква, дури и кога му ги даваа сите тие апчиња за спиење, лекови против болки и морфиум.
Беше тешко да се доживее тоа, како и да се помине целата таа година во која се лекуваше.
Не можев да го прифатам тоа до самиот крај. До последниот ден имав надеж дека ќе се излечи“ - рекла вдовицата на Саша.

За потсетување, Саша и Сузана беа 28 години во брак, и ја имаат ќерката Александра.
Прочитајте и Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден гест
А. Ј. | Црнобело