Данијела Мартиновиќ сподели романтични фотки со партнерот - таа го гледа вљубено, тој ја држи цврсто во раце
- Детали
- четврток, 03 јули 2025
„Ти си доказ дека никогаш не е доцна да пронајдеш вистинска љубов“ - фановите на пејачката ѝ коментираат дека изгледаат прекрасно заедно, но и дека Данијела си нашла вистински маж за себе.

Пејачката Данијела Мартиновиќ веќе две години ужива во љубовта со Јосип Плавиќ.
Мажот, кого таа го запозна како инспектор задолжен да реагира на нејзина пријава за сајбер-криминал, денес е посветен на музиката и е фронтмен на рок-бендот Izvan zakona.

Случајната средба им ги смени животите на двајцата, и иако на почетокот на врската се криеја и не зборуваа за својата љубов, Данијела сега веќе споделува фотографии со него, а на новинарските прашања за Јосип, вели дека е среќна.
Нејзината среќа се забележува и на последните романтични фотки што таа ги сподели на Инстаграм.

Јосип ја држи цврсто во прегратка, а таа е насмеана и го гледа вљубено.
Ова предизвика позитивни реакции кај нејзините фанови, кои ѝ искоментираа дека изгледаат прекрасно заедно, но и дека таа си нашла вистински маж за себе.
„Ти си доказ дека никогаш не е доцна да пронајдеш вистинска љубов“ - велат тие.

Минатата година, во интервју за CRNOBELO.com, Данијела рече:
„Тешко ми е да зборувам за него, но верувајте ми, никогаш, ама никогаш во животот не сум запознала личност што е и приближно слична на него. Со него и јас го најдов својот мир“.

Прочитајте и Данијела Мартиновиќ за CRNOBELO: „Со Јосип го пронајдов својот мир“
А. Ј. | Црнобело