Искорнати кровови, паднати кранови: Застрашувачки сцени од вчерашното невреме во Србија (фото+видео)
- Детали
- среда, 09 јули 2025
Во вчерашното невреме што ја зафати Србија, неколку лица биле повредени, а на морничавите објави на социјалните мрежи се гледаат срушени кранови, кровови кои буквално одлетуваат од зградите, но и камион кој паднал среде автопат поради силниот ветер.

Додека кај нас се води битка со пожари, Србија се справува со последиците од страшното невреме кое најмногу ги погоди Белград и Војводина.
Како што пренесуваат српските медиуми, невремето со силен дожд, ветер и крупен град предизвикало материјална штета, а има и повредени.
Од силниот ветар, маж паднал од кров и се здобил со повреди, додека 46-гоидшна жена завршила во болница откако врз неа паднала лимена плоча.
На ист начин биле повредени уште неколку лица низ Србија, а во Белград многу куќи и згради останале без кровови.
Додека траеше невремето, беше затворени и аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
На социјалните мрежи уште вчера се споделуваа страшни видеа од невремето, а денес има многу објави на кои се гледа големата штета.
Дел од застрашувачките објави што ги споделуваат Србите (кликнете на објавите за да ги изгледате видеата):