Српска инфлуенсерка со труднички фотки со сопругот од Милос и Наксос - го чека првото дете, совршени летни стајлинзи
- Детали
- сабота, 19 јули 2025
Ива Јеремиќ Роловиќ го запознала својот сакан Владимир додека студирала во Барселона и сега со него го живее својот сон. Откако на плажа откри дека чека бебе, не сопира со патувањата, а сега се појави во совршени, летни, труднички стајлинзи.

Ива Јеремиќ Роловиќ, родена 1996 година, е позната српска модна, лајфстајл и патувачка блогерка со 165.000 следбеници на Инстаграм.
Години наназад таа со следбениците споделува прекрасни фотографии од разни светски дестинации, стилски облечена.
Инаку, Ива студирала во Барселона, каде го има запознаено нејзиниот сегашен сопруг Владимир Роловиќ.
Тој бил 6 години постар од неа и прво биле само другари околу 6 месеци, затоа што тогаш била во врска со друг дечко, но после тоа коцките се наредиле и тие сега го очекуваат своето прво дете заедно.
Парот е во брак од септември 2023 година.
Малта, Њујорк, Абу Даби се само дел од дестинациите кои ги има Ива посетено, а во последно време патува со сопругот.
Парот летово ги посети грчките острови Милос и Наксос, а Ива оттаму објави прекрасни фотографии во трудничко издание.

Инаку, и откривањето на веста дека ќе станат родители беше на плажа:

Како изгледаше откривањето на полот на нивното дете:
Погледнете го видеото на кое таа споделува како го запознала сопругот:
@iva_jeremic_rolovic Replying to @user3406331410358 #fy #fypage #fyppppppppppppppppppppppp #ljubav #love #couple #beograd #belgrade #serbia #serbia🇷🇸 #viralvideo #viraltiktok
-->♬ original sound - Iva Rolović
