Трогателна приказна: Момче (11) од Хрватска продава играчки за да ѝ помогне на мајка си, која 8 години е во кома

Оваа приказна им ги скрши срцата на луѓето од целиот регион. Дино сака да направи сè што е во негова моќ за да купи скап медицински апарат за мајка си. Тој го изгубил татко си, а мајка му е веќе 8 години во кома – секој ден по училиште седи до неа и ѝ раскажува како си поминал.

momche-12-od-hrvatska-si-gi-prodava-igrachkite-za-da-i-pomogne-na-majka-si-koja-8-godini-e-vo-koma-01.jpg

Мајката на Дино (11), од селото Подравски Подгајци во Хрватска, Тихана Шорман веќе 8 години е во кома и е целосно неподвижна.

Ова мало момче сега продава плишани играчки за да ѝ помогне на мајка си.

Во 2017 година, Дино останал без татко, кој загинал во сообраќајна несреќа.

momche-12-od-hrvatska-si-gi-prodava-igrachkite-za-da-i-pomogne-na-majka-si-koja-8-godini-e-vo-koma-02.jpg

Набргу потоа, мајка му Тихана, која работела како медицинска сестра, на само 26 години доживеала страшна несреќа на пат кон работа – нејзиниот автомобил излетал од патот и удрил во дрво.

Доживеала клиничка смрт, но останала во будна кома, со само 10% мозочна функција, без можност да се движи или зборува.

Дино живее со својата баба Анита, која 24 часа дневно се грижи за Тихана.

Иако е само дете, тој собира и пере стотици плишани играчки, кои ги продава на локален панаѓур во Виљево, за да собере пари за скап медицински апарат, што ќе ѝ помогне на мајка му полесно да дише.

momche-12-od-hrvatska-si-gi-prodava-igrachkite-za-da-i-pomogne-na-majka-si-koja-8-godini-e-vo-koma-03.jpg

Дино за хрватските медиуми вели:

„Кога ќе се вратам од училиште ѝ раскажувам на мама што се случувало во текот на денот.

Среќна е кога ќе ѝ кажам дека сум добар во музичкото училиште, затоа што таа сакаше да свирам некој инструмент. Веќе три години учам хармоника.

Сега треба и гитара, кога баба ќе може да ми ја купи.

Понекогаш само ја гледам додека спие. Секоја вечер ѝ посакувам добра ноќ и ја бакнувам. Знам дека тоа ѝ годи и дека го чувствува.

Не би сакал да е на друго место. Сакам кога е тука. Страв ми е кога ѝ е тешко, кога е болна или кога оди на операција.

Баба сега ми рече дека ѝ треба апарат кој е многу скап, па решив да ги продадам сите свои плишани играчки на панаѓурот во Виљево“.

Дино е оди во петто одделение и учи хармоника во музичко училиште. 

momche-12-od-hrvatska-si-gi-prodava-igrachkite-za-da-i-pomogne-na-majka-si-koja-8-godini-e-vo-koma-04.jpg

За оваа мајка се собираат средства преку хуманитарна акција на страницата „Zaklada Tihana Šorman“.

Парите се собираат за медицински апарат за дишење, како и за севкупна нега и терапија на Тихана, која е 100% инвалид и е хранета преку PEG (внесување храна директно во желудникот, преку мала цевка (сонда) која се поставува преку кожа на стомакот) и со постојан надзор.

Според последните податоци на страницата за Тихана, средствата се собрани преку донации и овозможно е купување апарат за отстранување слуз од белите дробови за мајката на Дино.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg