„Кога му кажав на сопругот дека е мое време да градам кариера, ме праша: Жено, што треба да зготвам за ручек?“
- Детали
- понеделник, 21 јули 2025
„За жал, постојат мажи кои сакаат жената да е немоќна и во подредена положба. Тоа е нашиот менталитет“ - гласи еден од коментарите на објавата на Милица Стевановиќ, мотивациски говорник од Србија.

Милица Стевановиќ е мотивациски говорник од Србија, автор на неколку книги и програми за личен развој.
Почитувана во својата работа, таа дава одлучни совети на многу животно-значајни теми, а често зборува и за бракот, земајќи го како пример својот брак со сопругот Александар.
Милица често гостува и во телевизиски емисии, па деновиве на интернет се споделува видео од пред два месеца, а во кое таа раскажува за поддршката што ја добила од сопругот кога решила да гради кариера.
Ова го зема како здрав пример за тоа како треба да реагира секој маж кој ќе се најде во слична ситуација.
Па, во подкастот „Pozitivna stvarnost“, Милица вели:
„Престанав да работам и останав дома да ги чувам децата, зашто неговиот начин на живот, работење и работа беше таков што тој можеше да граба, и за тој да можеше да го прави сето тоа, мораше да има 100% моја поддршка.
Од друга страна, кога јас реков: ‘Е, сега јас ќе грабам напред’, тој ми одговори: ‘Жено, што да зготвам за ручек и што треба да направам со децата?’
И ова го имам веќе кажано. Вие сте тим. Вие сте во истиот тим. Вие навивате еден за друг.
Се трудите како кој ќе може да му ја додаде топката на оној другиот, па тој вториот да даде гол. А кога ќе даде гол, ти навиваш, зашто дал гол за вас двајца, не за себе, туку за двајцата“.
Коментарите се позитивни, а сепак различни еден од друг. Една жена вели дека сопругот инсистирал таа да работи, а потоа ја оставил со две деца, но таа му е благодарна, зашто да не била вработена, не знае како би преживеала.
Друга, пак, жали што немала таква поддршка од сопругот, но дека нејзиниот син на овој начин ја поддржува и мотивира неговата сопруга, што ја прави среќна.
„За жал, постојат мажи кои сакаат жената да е немоќна и во подредена положба. Тоа е нашиот менталитет“ - гласи еден од коментарите.
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело