Раста си купи пентахус од 500.000 евра и ужива со 12 години помладата девојка - додека Ана Николиќ продолжува со скандалите
Се разбира, има и катче со музички инструменти и место за снимање музика.
Бањата е опремена со хидромасажна туш-кабина која има можност да менува боја, според пишувањата на српските медиуми.
На терасата, пак, има удобна гарнитура на која најчесто одмара, додека ужива во неверојатниот поглед кон градот.

Инаку, Раста на разни јавни настани се појавува заедно со неговата девојка Марија, а атрактивната убавица очигледно комплетно го смири познатиот рапер.

На само 15 години Марија заминала од Србија во Австрија за да студира глума и се образувала на универзитетот „Vienna’s English Theatre Academy“.
Прочитајте и Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста?
Инаку, неговата поранешна сопруга Ана Николиќ периодов постојано е среде скандали.
Последните скришоти од видео на настап, кои кружат од неа, се оние каде таа во црн елегантен фустан седна на бината, па на опремата за да одмори.

