Раста си купи пентахус од 500.000 евра и ужива со 12 години помладата девојка - додека Ана Николиќ продолжува со скандалите
- Детали
- сабота, 26 јули 2025
И додека неговата поранешна Ана Николиќ повторно е среде скандал кога во елегантен црн фустан на настап седна на земја на бината да одмори, изгледа дека Раста пронајде среќа покрај младата убавица Марија Балабан, а сега повторно инвестираше во скапа недвижнина.

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста ја пронајде својата среќа по разделбата со Ана Николиќ.

Тој веќе неколку години ужива во љубовта со 12 години помладата девојка Марија Балабан, а сега си купи и нов пентхаус во центарот на Белград, кој го платил 500.000 евра.

Ова е уште една луксузна недвижнина во Белград, за која платил вистинско богатство.
Инаку, Раста има и пентхаус на Врачар, каде според Инстаграм фотките направил своја оаза на мирот.
Досега најголемиот дел од времето го минуваше таму.

Еден дел од дневната соба е исполнет со играчки и е наменет за неговата ќерка Тара, која често престојува кај него. Таа има и своја сопствена соба.
