По посетата на Скопје, Милош Биковиќ со згодната сопруга во луксузен хотел во Бодрум (фото)
- Детали
- вторник, 29 јули 2025
Беше во скопски елитен ресторан каде се потпиша, а сега објавува фотки од луксузен хотел во Бодрум, каде летуваше и Аделина Тахири – Милош Биковиќ е на семеен одмор со згодната сопруга и ужива во краткото летување по ангажманите и снимањето на „Senke nad Balkanom“.

Периодов Милош Биковиќ беше посветен на работни ангажмани, односно снимање на третата сезона од серијата на Драган Бјелогрлиќ, „Senke nad Balkanom“.
На крајот од јули, тој замина на краток заслужен одмор, со сопругата Ивана Малиќ, а престојува во луксузен хотел во Бодрум, Турција.
Иако ретко споделува приватни моменти, сега тој на Инстаграм објави повеќе фотки и покажа како го поминува времето.

„Доаѓа крај на моето време поминато во Лу. Сите убави моменти не може да ги соберe тука, па споделувам некои кои завршија на фотографии.
Сепак, верувам дека оние најубави мигови се токму оние кои не си стигнал да ги фотографираш и се случуваат кога за тоа не си ни размислувал.
Иако ова не е сè, дури и низ фотки на она што успеав да го доловам, се гледа дека беше преубаво. Штета што времето така брзо летна...“ – напиша тој во објавата.

Неговата сакана, исто така објави фотки, на кои се гледа дека ужива во одморот и го покажа своето фит тело.



Во меѓувреме, српскиот актер беше во посета на Скопје, каде од познат италијански ресторан објавија фотографија на која се потпишува на чинија, која ќе биде врамена на „ѕидот на ѕвездите“.

Семејството на Биковиќ уживаше на краток одмор и на почетокот на летото, заедно со синот, а Ивана тогаш објави неколку фотки со нејзините момци.

Погледнете повеќе фотки од одморот на Милош во Бодрум:







М. М. | Црнобело