Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семеен живот“

Жал ми е што целата ситуација со оние ужасни експлицитни фотографии се сврте против мене.
Луѓето сакаат да им се мешаат на другите во приватноста, без да ги знаат вистинските причини.

Никогаш не сум сакала моите приватни пораки да излезат во јавноста, ниту скриншоти од моите видео повици.
Нека им служи на чест на оние што го направија тоа и оние што и денес го користат тоа за јавно да ме посрамотат и симболично да ме ‘силуваат’.

Нема врска, јас сум силна жена која може да издржи и поднесе многу работи.
Токму затоа подготвувам нови песни и тоа е најдобриот материјал што некогаш сум го снимила.
Подготвив најдобар албум во мојата 30-годишна кариера. Тоа ќе биде вистинска шлаканица за сите оние што потпишуваа петиции против мене, што се обидоа да ме уништат и да извршат ‘атентат’ врз мојата личност“.
Koментарот на Душко за кој Јелена зборува:

С. С. | Црнобело
