Хрватска шминкерка се трансформираше во Тоше Проески - започна со солзи во очите, коментарите трогателни
- Детали
- петок, 01 август 2025
„Понекогаш, додека ги слушам неговите песни, ги затворам очите и си замислувам колку поубав би бил светот ако сè уште беше со нас“, гласи еден од коментарите за нашиот ангел Тоше Проески.

Марина Мамиќ е хрватска шминкерка, позната по неверојатните трансформации на нејзиното лице со помош на шминка и контурирање.

Таа на Инстаграм има повеќе од 152.000 следбеници, а последната во низата трансформации ѝ е онаа во Тоше Проески.

Од Џулија Робертс и Џенифер Лопез до Ал Пачино и принцезата Дијана – користејќи шминка, перики и леќи, таа се има трансформирано во низа познати личности.
Трансформациите понекогаш ѝ одземаат и до 12 часа, а резултатите често ги воодушевуваат и самите ѕвезди кои ги објавуваат нејзините дела на своите профили.

Сега, трансформацијата во нашиот ангел Тоше таа ја започна со солзи во очите, а низата коментари под нејзиното видео, објавено на социјалните мрежи се доказ дека луѓето од целиот регион сè уште не можат да го преболат Тоше.

Дел од коментарите гласат:
„Понекогаш, додека ги слушам неговите песни, ги затворам очите и си замислувам колку поубав би бил светот ако сè уште беше со нас. Неговиот глас и душа недостасуваат на секој што го сакаше. Прекрасна трансформација!“

„Многу недостасува... Најдобриот од најдобрите!“
„Неверојатно е колкава тага остана по неговото заминување низ целата поранешна Југославија“.
Погледнете ги видеата (кликнете на нив):
С. С. | Црнобело
