Бастијан Швајнштајгер во Србија бил како дома, со кафеани и пријатели - новиот живот со Бугарката Силва му штети на имиџот
Крајот на бракот меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер не ги наруши само нивните приватни животи, туку и деловниот аспект од животот на двајцата поранешни успешни спортисти – пред сè на Бастијан, поради неговото однесување последните месеци.
Додека Бастијан со новата девојка Силва Капитанова се однесува прилично опуштено, особено на папарацо фотките од една плажа, дел од неговиот деловен имиџ почна да се руши и тоа може да има последици врз неговите соработки за рекламирање на брендови.
фото: Инстаграм
Модниот бренд Brax предвреме ја раскина соработката за рекламирање со Ана и Бастијан кога започнале приказните за нивниот развод.
Според договорот, соработката требала да трае до 2027 година, а била планирана голема кампања за есен/зима 2025.
Сепак, таа кампања е откажана, а сега раководството на компанијата има проблем, треба да ги отстрани од улиците заедничките постери на Ана и Бастијан.
Инаку, Бастијан на Инстаграм деновиве се пофали дека добил торта со натпис „Среќен роденден најдобар татко“.
С. С. | Црнобело