Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Турција – згради се срамнети со земја, има и една жртва (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 11 август 2025
Во вчерашниот земјотрес што ја погоди Турција, се срушиле неколку згради, а има и жртва – 81-годишна жена која починала откако спасувачките екипи ја извлекле од срушена зграда. По земјотресот од 2023-та кога загинаа 53.000 лица, Турците стравуваат за друг разорен потрес.

Вчера (10.08) Турција ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил во градот Синдирги, а потресот бил почувствуван дури и до Истанбул кој е на растојание од 200 километри.
Од земјотресот целосно се срушиле 16 згради во Синдирги, имало најмалку 29 повредени и, за жал, има и една жртва. Според надлежните, 81-годишна жена починала откако била извлечена од урнатините.
Жената се наоѓала во зграда со три ката во која живееле шест лица. Четворица од станарите кои биле во зградата биле извлечени на безбедно, но жената им подлегнала на повредите.
Според последните информации, повредените лица кои биле извлечени од спасувачките екипи не се во критична состојба.
Во село во близина на градот исто така имало материјална штета – се срушиле неколку куќи, како и минарето на локалната џамија.
По силниот земјотрес, биле почувствувани вкупно седум афтершокови, од кои дел со јачина поголема од три степени.
Турција е земја во која земјотресите се честа појава, но жителите стравуваат од силен потрес, по трагедијата од 2023-та кога загинаа дури 53.000 лица.
Тогаш Турција, но и Сирија, беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени кој сруши цели населби.
Дури 14 милиони луѓе беа засегнати од земјотресот – имаше многу повредени, а многумина ги изгубија своите домови, но и своите блиски.
На Твитер веќе се споделуваат морничави видеа и фотографии од последниот земјотрес. На некои се гледаат срушените згради, а некои видеа се објавени од луѓе кои го дочекале потресот во нивните домови.
Дел од објавите во продолжение:
Спирова С. | Црнобело