Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен Дедиќ
- Детали
- понеделник, 11 август 2025
„Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодредена, дека не можам да продолжам без неа, а и таа сфатила истото“, рекол своевремено Арсен за почетокот на неговата љубовна приказна со Габи.

Хрватската пејачка и миленичка ширум Југославија, Габи Новак, почина на 11.08.2025 на 89 години.
Таа си замина тивко, еден месец по ненадејната смрт на нејзиниот единствен син, Матија, а 10 години откако почина нејзиниот сакан сопруг, Арсен Дедиќ.
Парот помина 45 години во љубов, од кои 42 во брак, а нивната љубовна приказна е од оние епските, за кои сонуваат сите.
Габи Новак ја почна својата кариера во 1950-тите, благодарение на словенечкиот композитор Бојан Адамиќ.
Тој прв го забележа нејзиниот извонреден талент и ја покани да настапува на концертите на Биг Бендот во Љубљана.
Благодарение на Бојан, Габи во 1958 година го запозна Арсен Дедиќ.
Иако двајцата знаеле дека се сродни души, нивната љубов била забранета, зашто во тоа време Габи била во брак, а и Арсен имал свој живот.
Па, пред засекогаш да им се вкрстат патиштата, тие мораа да поминат низ неколку пречки.
„Таа имаше живот пред мене, а имав и јас.
Но, еден ден сфатив дека е предодредена за мене, дека не можам да продолжам без неа, а и таа сфатила истото“, рече своевремено Арсен за почетокот на неговата љубовна приказна со Габи.
