Почина Габи Новак (89) - Срцето не ѝ издржа по смртта на синот, последните денови ги помина во дом за стари лица

Габи Новак, вдовицата на Арсен Дедиќ и една од најпознатите дами на хрватската поп-сцена, но и една од легендите во поранешна Југославија, почина на 89-годишна возраст.

pochina-gabi-novak-srceto-ne-i-i-izdrzha-po-smrtta-na-sinot-poslednite-denovi-gi-pomina-vo-dom-za-stari-lica-01.jpg

Новак почина еден месец после смртта на нејзиниот единствен син, Матија Дедиќ, а хрватските медиуми пишуваат дека „срцето ѝ пукнало од тага“ и веќе не сакала да живее.

pochina-gabi-novak-srceto-ne-i-i-izdrzha-po-smrtta-na-sinot-poslednite-denovi-gi-pomina-vo-dom-za-stari-lica-03.jpg

Габи последните години од животот ги помина во дом за стари лица, каде што и почина.

Познатата пејачка е родена во Берлин на 8 јули 1936 година.

Пред Втората светска војна нејзините родители се преселиле во Загреб, а таа ги поминала воените години на Хвар, родното место на нејзиниот татко.

pochina-gabi-novak-srceto-ne-i-i-izdrzha-po-smrtta-na-sinot-poslednite-denovi-gi-pomina-vo-dom-za-stari-lica-04.jpg

На самиот крај од војната нејзиниот татко бил убиен под неразјаснети околности, па со мајка си се преселила во Загреб.

Почнала да настапува кон крајот на 1950-тите, а поради препознатливиот глас, набрзо станала една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена.

Пеела и поп и џез, а во текот на 1960-тите стекнала голема популарност и многу музички признанија.

pochina-gabi-novak-srceto-ne-i-i-izdrzha-po-smrtta-na-sinot-poslednite-denovi-gi-pomina-vo-dom-za-stari-lica-15.jpg

За време на својата богата кариера, снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари.

Последниот албум во издаде во 2006 година наречен „Златна колекција“.

pochina-gabi-novak-srceto-ne-i-i-izdrzha-po-smrtta-na-sinot-poslednite-denovi-gi-pomina-vo-dom-za-stari-lica-02.jpg

Својата последна песна, „Почетак“, ја испеа заедно со Данијела Мартиновиќ, а во нејзиното креирање беше вклучен и синот Матија.

Била мажена двапати пред да се омажи за Арсен - прво за Борис Дебењак, а потоа за Стипица Калоѓера.

За вториот сопруг, Арсен Дедиќ се омажила во 1970 година, а три години подоцна го родила синот Матија.

Парот беше заедно до неговата смрт во 2015-та година.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава