Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен Дедиќ
Пред да се венча со Габи, Арсен бил во брак со Весна Матош. Во бракот кој траел три и пол години, ја добиле ќерката Сандра.
Габи зад себе имала два брака пред да се венча со Арсен.
Првпат се омажила кога имала само 19 години, но нејзината љубовна врска со академскиот сликар Борис Дебењак траела кратко.
Втор сопруг ѝ бил Стјепан Стипица Калоѓера, кој завршил медицински студии, но не работел како доктор, туку како музичар.
Габи и Стипица биле во брак до 1970 година, а Арсен, пак се разведе пет години претходно, во 1965-та.
„Откако двајцата останавме сами и се разделивме од нашите претходни партнери, станавме љубовници, потоа родители на нашиот Матија, а еден месец по неговото раѓање - сопружници.
Никогаш немаше никаква молскавица меѓу нас, сè се одвиваше полека“, рекол познатиот кантавтор.
Тие се венчаа во 1973-та и останаа заедно среќни сè до неговата смрт во 2015-та година.
Но, интересно е што некои моменти од животот на Габи и Арсен денес би можеле да се инспирација за теленовела.
Имено, кога Арсен се оженил во 1961 година, кум на венчавката му бил Никица Калоѓера, братот на Стипица, кој во тоа време веќе бил во брак со Габи.
Музиката за песната „Vino i gitare“, која стана заштитен знак на Габи, ја направи Стипица во време кога беше во брак со музичката дива. Текстот, пак, за оваа песна е на Арсен.
Иако Арсен и Габи се венчаа, тој не ја прекина соработката со поранешниот сопруг на Габи.
Неговиот единаесетти студиски албум „Арсенал“, издаден во 1981 година, ги содржи некои од најголемите хитови на Арсен, а новите аранжмани за нив ги направи токму Стипица Калоѓера.
Прочитајте и Почина Габи Новак (89) - Срцето не ѝ издржа по смртта на синот, последните денови ги помина во дом за стари лица
А. Ј. | Црнобело
