Лазар Ристовски и 39 години помладата девојка уживаа во Дојран пред одморот во Грција: „Македонијо те сакам“

Српскиот актер и четири децении помладата девојка, деновиве прво го посетија Скопје, а потоа заминаа во Дојран. И додека Ристовски држеше мастерклас на тема „актерство“, Аница ги посетуваше црквите во градот и околината.

lazar-ristovski-i-39-godini-pomladata-devojka-uzhivaa-vo-dojran-pred-odmorot-vo-grcija-makedonijo-te-sakam-01.jpg

Лазар Ристовски (72) и неговата 39 години помлада девојка, Аница Лазиќ, деновиве престојуваа во Македонија.

Тие најпрво го посетија Скопје, каде што актерот, меѓу другото, имаше и средба со новинарите, а потоа заминаа во Дојран, на филмскиот фестивал „Преку езерото“, каде што Ристовски беше избран за годинешен лауреат и му беше врачена наградата „Мето Јовановски“.

lazar-ristovski-i-39-godini-pomladata-devojka-uzhivaa-vo-dojran-pred-odmorot-vo-grcija-makedonijo-te-sakam-18.jpg

Актерот во Дојран одржа и мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“ во Музејот на Град Дојран.

За тоа време, пак, неговата девојка Аница, го истражуваше градот и околината.

Таа на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од македонски цркви, но и од хотелот и позната гостилница во Дојран.

„Македонијо, те сакам“, напиша таа на објавата, а следбениците ѝ одговорија дека е секогаш добредојдена кај нас.

lazar-ristovski-i-39-godini-pomladata-devojka-uzhivaa-vo-dojran-pred-odmorot-vo-grcija-makedonijo-te-sakam-08.jpg

lazar-ristovski-i-39-godini-pomladata-devojka-uzhivaa-vo-dojran-pred-odmorot-vo-grcija-makedonijo-te-sakam-06.jpg

По посетата на Македонија, парот замина на краток одмор во Грција.

Сместени во ресорт, и Аница и Лазар објавија фотографии на кои покажаа како го поминуваат времето - таа во бикини, тој на базен, на прошетка низ Солун, на гиро во ресторан.

lazar-ristovski-i-39-godini-pomladata-devojka-uzhivaa-vo-dojran-pred-odmorot-vo-grcija-makedonijo-te-sakam-13.jpg

lazar-ristovski-i-39-godini-pomladata-devojka-uzhivaa-vo-dojran-pred-odmorot-vo-grcija-makedonijo-te-sakam-12.jpg

Парот привлекува внимание во јавноста од моментот кога почна да се шпекулира дека се заедно, а најмногу поради разликата во години меѓу нив, која е скоро 4 децении.

Но тие одамна престанаа да ја кријат својата врска, споделуваат заеднички фотографии и уживаат во љубовта.

Погледнете повеќе фотографии од посетата на Македонија и Грција на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и... „Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава