Продавала на пазар како дете, сега лета со приватни авиони - Како се збогати балдазата на Вељко Ражнатовиќ?
- Детали
- вторник, 19 август 2025
Богдана, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, има две сестри, Наташа и Бојана. Најстарата од трите, Наташа (30) детството го поминала продавајќи живина и јајца на пазар, а денес има свој успешен бизнис. Како таа стана најбогатата балдаза на Вељко?

Наташа Родиќ, една од двете балдази на Вељко Ражнатовиќ, деновиве е во центарот на вниманието на српските медиуми, откако се дозна дека таа купила 4 стана во луксузна зграда во близина на храмот Свети Сава во Белград.
Станува збор за 4 гарсоњери, кои таа, наводно, планира да ги изнајмува и на тој начин, ем да си ги врати парите вложени за нивното купување, ем да заработи.
Зградата во која се наоѓаат становите е уредена модерно, со сопствено обезбедување, видео надзор, што дополнително ја крева вредноста на инвестицијата, особено што цените на кириите во Белград се многу високи во моментов.

Поради ова, Наташа стана најбогатата балдаза на Вељко Ражњатовиќ - како се богати таа?
На почетокот на 2023 година, Наташа отвори свој ресторан за бургери во Белград, Gorilla Burger Bar, каде што и самата работи на подготовката и служењето на бургерите.

Ресторанот за брза храна го претвори во вистински бренд, со необични бургери на менито, а еден од нив е златен бургер, на кој лепчето е прекриено со лист од 23-каратно злато што се јаде.
Бизнисот со бургери стана толку успешен, што Наташа купи камионче за храна и учествува на сите фестивали за бургери низ Србија, но ја ангажираат и за да подготвува бургери за родендени и за големи прослави.
Според нејзините пријатели, бизнисот ѝ оди толку добро, што таа решила заработените пари да ги вложи во нешто уште поголемо, односно во недвижнини.

Наташа сака да патува, па често е на скапи дестинации локации, а често до нив оди со приватен авион, бидејќи, според блиските пријатели, сега може да си дозволи луксуз за кој работи напорно.

За да го почне својот бизнис со ресторанот, Наташа имала голема финансиска помош од родителите.

Семејството Родиќ е познато по тоа што има бизнис со живина во Тител, а трите сестри од деца им помагале на родителите и често оделе на пазар да продаваат јајца и кокошки.