Некогашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, се разведе од 15 години помладата сопруга – татко му е пресреќен
- Детали
- понеделник, 25 август 2025
Тој сакал мирен живот, а 15 години помладата Софија имала други интереси – не успеа бракот на Игор Којиќ кој по разводот со Северина неочекувано се ожени со друга, а неговиот татко Кеба, наводно бил пресреќен за одлуката, бидејќи семејството не сметало дека таа е добар избор за него.

Игор Којиќ, синот на Драган Којиќ Кеба и некогашниот сопруг на Северина, се разведе од 15 години помладата Софија, со која беше во брак едвај половина година.

Во јануари 2025 тој ненадејно објави дека се оженил со неговата девојка со која беше кратко во врска и дека се првиот пар кој се венчал во оваа календарска година.

Но, за разлика од кај многу други парови, кај нив возрасната разлика изгледа била причина за бракот да не дотрае ни 1 година.
Уште во јули годинава имаше гласини дека нивниот брак се распаѓа и српските медиуми пишуваа дека живеат одвоен живот, a сега блиски извори ја потврдија веста.
„Игор и Софија пред неколку дена потпишаа спогодбен развод во една адвокатска канцеларија во Белград. Решија секој да се сврти кон своите планови и живот.
Кеба е пресреќен, како и целото семејство, бидејќи од почетокот не сметаа дека е вистинскиот избор за него“.

Наводно, Игор сакал стабилност и мирен семеен живот, додека пак Софија имала поразлични приоритети и интереси, па токму таа разлика на сфаќање на животот била клучна за да се одлучат на развод, споделува изворот, а пренесува Telegraf.rs.

Таа постојано патува, излегува навечер со другарките и сака да живее живот како слободна девојка, што очигледно не му се допаѓало на Игор, но неговото семејство не крие дека се радува за одлуката, бидејќи сметале дека прерано се впуштил во оваа авантура.
Инаку, тој до 2021 беше во брак со Северина, кога им се разидоа патиштата, а дали сега ќе се впушти во потрага по нова идеална сопруга или ќе живее слободно, останува да видиме.
М. М. | Црнобело
