Петра ја нарекуваат „најсексапилната докторка во Хрватска“ - хит е на Инстаграм (фото)
- Детали
- недела, 07 септември 2025
Провокативната русокоса Петра Мештриќ е дипломиран доктор, насочен кон здравствената грижа за децата и адолесцентите, но тоа не ја спречува да снима видеа за Инстаграм за своите 103.000 следбеници.

Петра Мештриќ е докторка од Хрватска, која стекна внимание како преку професионалните ангажмани во медицината, така и преку учество во медиумски проекти.
Позната е како поранешна кандидатка во ТВ‑шоуто „Brak na prvu“ (Брак на прва).

Петра дипломирала на Медицинскиот факултет во Ријека и од јули 2023 официјално стана докторка, односно работи во Домот на здравје во Загреб и е насочена кон здравствената грижа за децата и адолесцентите, како што пишува на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа моментално е запишана и на докторски студии на Факултетот за прехрана и биотехнологија, и е насочена кон нутриционизмот.

Петра на Инстаграм е активна како „здравствен инфлуенсер“, споделувајќи совети за здрава исхрана и здрав начин на живот на социјалните мрежи.

Има повеќе од 103.000 следбеници следбеници, а честопати е именувана како „најсексапилната докторка во Хрватска“.


