Ја нарекуваат босанската Адриана Лима – Која е метео девојката заради која сите гледаат прогноза?

Има 24 години, мајка ѝ била лото девојка, изгледа прекрасно и ѝ годи што ја споредуваат со Адриана Лима – која е младата Босанка заради која никој не пропушта временска прогноза?

ja-narekuvaat-bosanska-adriana-lima-koja-e-meteo-devojkata-zaradi-koja-nikoj-ne-propushta-prognoza-01_1.jpg

Нора Шахинпашиќ е 24-годишна водителка, која со изгледот привлекува големо внимание на малите екрани, но и на социјалните мрежи.

Таа е секогаш средена и дотерана додека на своите граѓани пред малите екрани им ја презентира временската прогноза на телевизијата OBN.

ja-narekuvaat-bosanska-adriana-lima-koja-e-meteo-devojkata-zaradi-koja-nikoj-ne-propushta-prognoza-02.jpg

На социјалните мрежи многумина ја нарекуваат босанската Адриана Лима, а за овие комплименти, Нора вели дека ѝ годат што ја споредуваат со една од најубавите жени на светот.

За себе вели дека сама со труд постигнала успех во кариерата, но сепак гените си го направиле своето, со оглед на тоа што татко ѝ е познат новинар и заштитно лице на OBN, а мајка ѝ во минатото била „Лото“ девојка.

„Пред камери сум уште додека сум била во стомакот на мајка ми. Почнав со претстава на 5 години, а зад мене имам низа реклами, серии, спотови. Учев од родителите, но и сама се изградив. На оваа кариера се одлучив сама, но убаво е да се има од татко, како многу искусен новинар“ – изјавила таа своевремено.

Освен тоа што е успешна во телевизиската кариера, Нора во меѓувреме е посветена и на студиите по меѓународно право, активна е и на социјалните мрежи и е во среќна љубовна врска. 

Повеќе фотки од Нора:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Ја нарекуваат српската Парис Хилтон, снаа ѝ беше Карлеуша – Која е кумата на Мелина Џиновиќ, која ут... Наследничка е на познато и имотно семејство па затоа и ја нарекуваат српската Па...
Девојката на Душко Тошиќ објави фотка од себе без шминка, додека тој се дружи со бившата Карлеуша и ... И додека регионалните медиуми нагаѓаат дали Душко Тошиќ избришал фотографија со ...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Девојката на Бака Прасе никогаш позгодна во Монако - Јутјуберот потрошил 30.000 евра на накит за неа Покрај возењето на јахта и луксузните ресторани, парот за време на престојот во ...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...

Најчитани неделава