Девојката на Бака Прасе никогаш позгодна во Монако - Јутјуберот потрошил 30.000 евра на накит за неа
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
Покрај возењето на јахта и луксузните ресторани, парот за време на престојот во Монако ги посетил и најпознатите светски модни куќи и златарници. Милена никогаш пофит, а Бака Прасе вели дека сака да ѝ „купи“ поголеми гради.

Јутјуберот Боган Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна престојуваше во Монако со својата партнерка Милена Стаменковиќ.

Покрај возењето на јахта и луксузните ресторани, парот за време на престојот во Монако ги посетил и најпознатите светски модни куќи и златарници, а потоа јавно се пофалија што сè купиле.

Милена откри:
„Долго време го посакував овој прстен. Со години само го фотографирав на аеродромот бидејќи стоеше во излог.
Изработен е од жолто злато и дијаманти“.

Прстенот што го носи девојката на јутјуберот е од познат луксузен бренд и чини дури 14.000 евра.
Но, нивниот шопинг не завршил тука.
„Следната продавница во која отидовме беше Cartier и таму посакав прстен и нараквица, и навистина ги добив. И тие се од жолто злато и имаат по четири дијаманти“.

Нараквицата од оваа колекција чини околу 11.000 евра, додека прстенот вреди околу 2.400 евра, пишуваат српските медиуми.
Бака Прасе и неговата девојка посетиле и бутик каде купиле чанта и паричник, за кои издвоиле околу 2.000 евра.

„Јас си купив кошула во Louis Vuitton, со многу дискретен дезен. Кажете ми колку е добра“, им се обрати Бака Прасе на своите следбеници.