Цеца Ражнатовиќ за своите деца: „Анастасија и Вељко се дијаметрално спротивни, тој ми се јавува 78 пати на ден“
- Детали
- понеделник, 08 септември 2025
„Вељко се јавува повеќе. Се јавува 78 пати на ден и кога нема што да каже, ми се јавува и ми пее. Анастасија сега кога последен пат беше во Белград ми рече: ‘Само кажи ми дека не е Вељко кога ми заѕвони телефонот’...“, вели Светлана Цеца Ражнатовиќ за односот со децата.

Светлана Цеца Ражнатовиќ за српските медиуми проговори за односот што го има со своите деца Вељко и Анастасија Ражнатовиќ.
Цеца откри дека ова лето повторно престојувала кај својата ќерка Анастасија во Шпанија, во вилата каде што живее со својот сопруг Немања Гудељ.

Таа на тема како го поминала летото вели:
„Бев на Кипар околу 11 дена, помеѓу настапите поминував време и со Анастасија во Шпанија.
Направив такво темпо за себе што едноставно имам многу приватни обврски.

Семејството е тука, внуците и се трудам да бидам со нив и пријателите колку што можам повеќе.
Инаку, многу работам и некој е секогаш запоставен, но се трудам да не дозволам работата да ми го украде приватниот живот, туку да создадам рамнотежа“.
Додава дека Анастасија ѝ се лути што не оди почесто и што не седи повеќе денови кај неа во Шпанија.

За својот однос со децата Цеца вели:
„Вељко се јавува повеќе. Се јавува 78 пати на ден и кога нема што да каже, ми се јавува и ми пее.
Анастасија сега кога последен пат беше во Белград ми рече: „Само кажи ми дека не е Вељко кога ми заѕвони телефонот“.
Велам дека е Вељко и се јавувам. Таа му вели: „Што сакаш, остави нè на мир, разговарам со мајка ми“.
Имам блиска врска со двајцата, тие се различни по карактер и различно ги покажуваат емоциите и поинаку реагираат, дијаметрално се спротивни.
Го слушам сто пати на ден и кога знае дека не сум во ситуација да зборувам тој заборава.
Се случува да се јави, и јас велам: „Вељко, на снимање сум на Ѕвездите на Гранд“, а тој вели: „Извини, извини заборавив“...“
