Ела Дворник за разводот кој трае од 2022: „Имаме поделено старателство, но судијката реши ќерките да живеат со татко им“
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
„На рочишта одам од 2022 година. Сега е 2025. Ќе биде скоро 2026“, се пожали во една пригода Ела Дворник, а сега откри дека ќерките ѝ живеат на Истра, а таа во Загреб.

Хрватската пејачка и инфлуенсерка Ела Дворник, ќерка на Дино Дворник, е доста активна на социјалните мрежи, каде редовно споделува и детали од својот приватен живот.
Таа пред неколку години се раздели со 15 години повозрасниот сопруг Чарлс Пирс со кого има две ќерки, а неодамна откри дека ќерките живеат кај него.

Ела на Инстаграм одговараше на прашања од следбениците, а првото прашање што го доби се однесуваше на нејзините ќерки.
„Дали девојчињата живеат со тебе?“ ја праша еден следбеник, а таа реши искрено да одговори.
„Не живеат со мене. Имаме поделено старателство (засега).
Но, судијката со привремена мерка одреди дека девојчињата ќе живеат со татко им во нашата семејна куќа во Истра. Јас сум потстанар во Загреб“, напиша таа.

Гласините за разводот на Ела Дворник и Чарлс почнаа уште во 2022 година, а таа ги потврди гласините за развод во август 2023.

Најверојатно, четири месеци претходно поднеле барање за спогодбен развод, по неколку месеци одвоен живот, пишуваат хрватските медиуми.
Сепак, официјално сѐ уште не се разведени.
„Требаше денес да имам рочиште. Одложено е поради болест.
Новиот датум што ми го дадоа е дури за 6 месеци!!! Во новата училишна година!?“ напиша таа на Инстаграм стори во март годинава.

„На рочишта одам од 2022 година. Сега е 2025. Ќе биде скоро 2026. А јас сѐ уште нема да имам никакво решение?!
Досега ништо не сме решиле! Ќе го изгубам трпението, а тогаш ќе ги вклучам сите во ова“.
