Ќерката на Здравко Чолиќ, по долго криење, го покажа партнерот на одмор на Ибица - јахта, рози, луксуз
- Детали
- петок, 05 септември 2025
По долго криење, Уна Чолиќ го покажа лицето на мажот што ѝ го освоил срцето. Наследничката на Здравко Чолиќ ужива со него на луксузен одмор на Ибица.

Здравко Чолиќ има две ќерки и тоа Уна Чолиќ, која е многу актуелна на Инстаграм, и помалата Лара.

Постарата ќерка на легендарниот пејач, Уна, со години внимателно го криеше идентитетот на својот партнер.

Нејзините објави на социјалните мрежи беа внимателно направени, а лицето на момчето никогаш не се гледаше, туку тој беше прикажан само од задниот дел или само се гледаше рака или дел од телото.
Сепак, Уна сега одлучи да стави крај на криењето и да ѝ покаже на јавноста кој го освоил нејзиното срце.
За време на одморот на Ибица Уна објави фотографија со него. Тој ја бакнува, а таа блеска со среќа.

Од луксузни ресторани до јахта и букет рози, Уна ужива со својот сакан во романтични и интимни мигови.


Инаку, Уна неретко оди на раскошни одмори и семејно и познато е дека нејзиниот татко Здравко Чолиќ не штеди кога станува збор за неговите ќерки.






