Првиот сопруг на Наташа Беквалац, Данило Икодиновиќ, се разведува од третата жена - со Беквалац сплотени за ќерката
- Детали
- среда, 17 септември 2025
По 9 години брак, Данило Икодиновиќ се разведува од третата сопруга. Инаку, годинава тој и Беквалац за првпат се појавија јавно заедно на фотографија, 14 години по нивниот развод.

Првиот сопруг на Наташа Беквалац, некогашниот ватерполист Данило Икодиновиќ, се разведува од третата сопруга, одбојкарката Маја Огњеновиќ.
Тие одлучиле да се разделат по 9 години брак, пишуваат српските медиуми.
Наводно несогласувањата помеѓу Данило и Маја биле редовни последната година, па тие летово се договориле мирно да се разделат.
Одбојкарката поради спортските обврски живее во Италија, а за Данило уште не се знае дали ќе биде таму или во Белград.



Тие пред околу половина година позираа среќни и насмеани со ќерката на Данило и Наташа Беквалац, Хана за време на нејзината матурска вечер.

Тогаш во јавноста се појавија првите заеднички фотографии на Наташа и Данило, и тоа 14 години по нивниот развод.

Хана Икодиновиќ, сега, пак, се запиша на факултет во Шпанија и се отсели да живее таму. Гордите родители не го криеја своето задоволство и овојпат.

