Драстичната трансформација на пејачката Ана Кокиќ (42) - поинаков нос, пополни усни
- Детали
- четврток, 18 септември 2025
Таа има неколку естетски зафати на себе, но поумерени од оние на своите колешки и денес важи за една од најпривлечните русокоси на српската естрада.

Пејачката Ана Кокиќ (42) важи за привлечна русокоса на српската естрада.
Таа постојано објавува свои фотографии на Инстаграм во разни изданија, при што добива бројни комплименти за својот изглед.

Од стајлинг до шминка и фризура, таа многу внимава на изгледот.

Но, во средношколските денови за себе вели дека била машкуданка.

Дури и на почетокот од својата кариера изгледа поинаку од денес.

Таа е една од ретките на српската естрада која не направила премногу корекции на себе, но е очигледно дека имала неколку умерени естетски зафати.

Пејачката ја започнала својата музичка кариера како член на групата „Енергија“, која во деведесеттите години постигнуваше големи успеси, а песната „Suze“ и денес е хит.

Пејачката тогаш изгледала значително поинаку отколку сега.
Ана имала поинакви веѓи, фризура, помали усни, а многумина веруваат дека и го оперирала носот.
