Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“
- Детали
- недела, 05 октомври 2025
„Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да се венчаме. Изгледа традицијата продолжува, бидејќи и мајка ми се омажи за татко ми по само седум ден“, вели Сара Миа Јокиќ водителка и ќерка на познатата српска водителка Леа Киш. Сега, објави прва фотка по свадбата со саканиот.

Сара Миа Јокиќ, ќерката на водителката Леа Киш, по свадбените фотки, ја објави првата заедничка фотографија со својот партнер, направена на одмор.

Таа со него во месец август се омажи по само месец и пол врска.
Свадбата се одржала во тајност. Сара Миа и нејзиниот партнер, воениот пилот Бранко Милојевиќ, организирале интимна церемонија само за најблиските членови на семејството и пријателите.

Невестата на фотографиите е во тесна венчаница во сирена стил, додека младоженецот во воена униформа.

Таа за српските медиуми изјави:
„Венчавката ја организиравме тајно затоа што сакавме да уживаме во денот без притисоци, само во кругот на најблиските.
Сопруг ми е Бранко Милојевиќ, кој е воен пилот, и по само месец и пол врска решивме да се венчаме.

Изгледа традицијата продолжува, бидејќи и мајка ми се омажи за татко ми по само седум дена. Поради тоа мојата одлука не ги изненади толку многу.
Многу се среќни и имаме целосна поддршка од нив“.

Иако и Сара работи како водителка, сите ја препознаваат како ќерка на познатата водителка Леа Киш и вели дека тоа на моменти дури ѝ пречи.




