Жената од Хрватска што си ја уби ќерката (3) изведена на суд: Детали за случајот што го потресе регионот

Во јануари годинава, хрватската полиција добила повик од жена која им кажала дека влегла во реката Сава со нејзината 3-годишна ќерка. Девојчето, за жал, е мртво, а беше пронајдено неколку месеци подоцна, во Сава во околината на Белград. Неодамна, почна судењето за потресниот случај.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot01.jpg

Неделава во Загреб почна судењето на 34-годишната жена која е обвинета дека ја убила својата 3-годишна ќерка.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, жената го усмртила девојчето во јануари годинава, а телото го фрлила во реката Сава.

Девојчето било најдено неколку месеци подоцна, во околината на Белград, а набрзо потоа мајката била обвинета за тешко убиство.

Според неофицијални извори, девојчето имало сериозни здравствени проблеми, а мајката тврдела дека надлежните институции не ѝ излегле во пресрет.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-09.jpg

Што знаеме за потресниот случај?

На 16-ти јануари годинава, полицијата во Загреб добила телефонски повик од жена која кажала дека влегла во реката Сава со нејзината 3-годишна ќерка.

По вознемирувачкиот повик, веднаш се активирале сите дежурни служби и почнале интензивна потрага по телото на девојчето.

Како што пренесува Jutanji list, потрагата траела до доцна навечер, но поради намалената видливост и брзината на реката, не вродила со резултати.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-04.jpg

Следниот ден, во изјава за хрватските медиуми, пожарникар откри дека во потрагата се вклучени околу 50 луѓе.

Покрај противпожарната служба, имало претставници од Црвен крст и полицијата, а реката се пребарувала со седум чамци и четири дронови.

Потоа бил формиран уште еден тим од 33 луѓе кои пребарувале друга област долж реката, исто така со чамци и дронови.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-05.jpg

Потрагата почнала во областа каде што влегла мајката, но набрзо се проширила по целиот тек на реката Сава во Загреб.

33-годишната мајка, чие име не е познато за јавноста, била уапсена ден-два подоцна.

За Jutarnji list, неколку колеги на жената откриле дека биле изненадени од целата ситуација бидејќи не изгледала како да има проблеми.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-03.jpg

Но, нејзини познанички откриле дека тешко се справувала со „животните предизвици“.

„Мајката не се јавуваше на телефон цел ден. Полудевме од грижа. Ја немавме видено ни ќерка ѝ, па претпоставуваме дека е со неа.

Потоа стигнаа вестите за потрагата во Сава, а потоа дојде и полицијата да ни каже што се случува. Катастрофа и ужас!

Кога жената забележа дека нејзината ќерка има некои здравствени проблеми, ја однесе на логопед и тоа трае веќе со месеци. Не знаеше како да се справи со целата семејна ситуација и сето тоа ја мачеше“, вели познаничката.

Таа додава дека можеби девојчето имало некаква сериозна дијагноза, но ништо од ова не е официјално потврдено.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-07.jpg

Друга познаничка изјавила дека жената изминативе шест месеци била на боледување.

„Само ми велеше дека сè ќе биде во ред. А, всушност, по сето ова, тоа било само маска.

Била растргната од неизвесната иднина, но за жал тоа е дел од една тажна семејна приказна за која не сакам да зборувам“.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-12.jpg

Потрагата по телото на девојчето продолжи со месеци, и надвор од границите на Хрватска.

Дури на 30-ти април, надлежните соопштија дека го нашле.

zhenata-od-hrvatska-shto-si-ja-ubi-kjerkata-3-izvedena-na-sud-detali-za-sluchajot-shto-go-potrese-regionot-08.jpg

Во реката Сава во близина на Белград било пронајдено мртво тело на дете, а со помош на ДНК анализа било потврдено дека станува збор за убиеното девојче.

Набрзо потоа хрватското обвинителство започнало обвинение за тешко убиство против жената, а надлежните потврдија дека претходно немало никакви пријави во врска со нејзиното семејство. Судењето започна на 29-ти септември.

Покрај мртвото девојче, жената имала и уште едно дете. Но, идентитетот на детето и нејзиниот сопруг не ѝ се познати на јавноста, со цел да се заштитат.

Уште кога жената беше уапсена, надлежните открија дека психолошката анализа ќе биде клучна. Но, поради деликатноста на случајот, ги немаат откриено резултатите.

Исто така, судењето нема да биде отворено за јавност, најмногу за заштита на семејството.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Ќерка ми ми е најлош клиент, a не ни плаќа“ – Србинка направи „откачено“ генијална торта, на крај д... Србинка објави видео од процесот на изработка на генијална торта за својата ќерк...
Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и сол... Точно пред да објават за разводот, тој сподели снимка на која танцува со ќерка м...
„Моето прво семејство“ - Јована Јеремиќ позира со бившиот сопруг, неговата ќерка oд првиот брак и ни... „Моето прво семејство. Мојот прв сопруг со неговата ќерка од првиот брак, ќерка ...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава