Тајната на исхраната и фит изгледот на Цеца Ражнатовиќ (52) - Кој здрав пијалак ѝ е омилен?
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
„Јас едноставно одлучив после 19 часот да не јадам ништо и да консумирам само вода“, изјави во една пригода, но во своето мени таа неретко вклучува и еден пијалак со многу придобивки за здравјето.

Цеца Ражнатовиќ (52) е позната по фит изгледот кој го одржува низ годините.
Кои се тајните на нејзиниот фит изглед?

Интересно е што во нејзината исхрана редовно консумира варен домат, најчесто во форма на домашен сок, особено за време на пости.
Овој напиток не е само дел од нејзиниот ритуал, туку и вистинско богатство за здравјето.

Интересно е што варениот домат, иако содржи нешто помалку витамин Ц, има значително поголема антиоксидативна активност од суровиот.
Доколку сокот од домати се подготвува со маслиново масло, ефектот е уште посилен.

Инаку, исхраната на Цеца Ражнатовиќ е разновидна, а нејзината витка линија се должи на еден трик.
Цеца често го започнува денот со физичка активност, додека навечер избегнува храна.

За српските медиуми таа изјави:
„Јас едноставно одлучив после 19 часот да не јадам ништо и да консумирам само вода.
Еднаш кажав - понекогаш и некое пивце. Ме прашаа како пијам пиво кога тоа дебелее. Јас велам - мене не ме дебелее, мене пивото ме сака.

И навистина, успеав да ослабам 8,5 килограми за еден месец, а ниту една секунда не сум била гладна – јадев што сакав.
Најдоцна значи во 19:30 - 20 часот и нема повеќе внес на храна.
