Односот на Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ: Таа сака и 5-то дете со него, тој ја изневери и со трансродова личност
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
„Ние го живееме нашиот живот, а не медиумски. Научив дека секое чудо трае три дена – ако не се закачам и не почнам да коментирам“, изјави Мирка, по скандалот кога сопругот ја понижи на црвен тепих. И тој скандал е само еден од многуте.

Српската актерка Мирка Васиљевиќ и фудбалерот Вујадин Савиќ веќе долги години живеат во „складна“ љубовна врска од која имаат и 4 деца.
Но, неретко нивниот однос е потресен од љубовните афери на Вујадин, но Мирка секогаш му простува, па дури и го правда пред медиумите.
Сепак, овојпат Вујадин се најде среде најголемиот скандал досега, а трансродовата личност Алекс Корач го уценува со интимни снимки.

Поради ова Алекс заврши во притвор, но Мирка, поради целиот стрес, во болница.
Мирка по овој скандал мудро молчи и својот мир го наоѓа во семејството, на кое отсекогаш му давала апсолутен приоритет.
Познатата актерка повеќепати има истакнато дека децата и семејниот живот ѝ се најважни.

Таа никогаш не става точка на можноста повторно да стане мајка.
Мирка првпат забременила на само 20 години, а и не крие дека би сакала уште едно дете.

Во една пригода таа дури се шегуваше дека би сакала и близнаци.
Мирка постојано зборува за тоа колку сила ѝ дава мајчинството.

Таа често нагласува дека, ако живеела во времето на нашите баби и дедовци, сигурно би имала повеќе деца, бидејќи тогаш, според неа, животот бил поспокоен.
Мирка на оваа тема вели:
„Ако живеев во времето на нашите баби и дедовци, сигурно ќе имав повеќе деца. Тогаш сè се одвиваше во и околу домот, а денес секој трча на своја страна. Сега, мора да се води сметка за финансиите, организацијата на животот, просторот за живеење...“
Децата се она што останува по нас. Еден ден, кога ќе остариме, да имаме некој што ќе се грижи за нас, а тие да се грижат еден за друг.
Бев задоволна со три деца, но по седум години посакав повторно да ја почувствуваме миризбата на бебе во куќата и, фала му на Бога, се роди Аника.
Сега работам и се трудам дома да бидам присутна онолку колку што треба. А што ќе посакам понатаму - не знам.
